(Видео) Ауди заврши на дното на Јадранското Море

t

Неверојатно видео е направено на Раб, но под површината на морето, каде е забележано возило Ауди А4.

На видеото се гледа како нуркач во еден момент наоѓа црн автомобил на дното на морето.

Ова видео предизвика лавина од коментари.

“Таму барем има бесплатен паркинг“, напишал еден корисник.

„Можеби мајсторот решил вака да го измие“, додаде друг.

“Сега пајакот некако нека го крене од таму“, се пошегува третиот корисник.

За овој случај проговори и хрватската полиција.

„Врз основа на вашето барање, ве известуваме дека на 9 декември, на подрачјето на островот Раб се случила сообраќајна незгода со материјална штета, каде 20-годишен возач го паркирал возилото со риечки регистарски таблички и го оставил, без претходно прицврстување на возилото, односно подигнување на рачната сопирачка. Поради тоа споменатото возило се придвижило напред кое неколку секунди подоцна паднало во морето. Во сообраќајната незгода нема повредени лица. Возачот е санкциониран за прекршок “, соопштија од ПС Приморско-горанска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изгоре “Ауди” во Гази Баба

Автомобил „Ауди“ рано утрово изгорел пред куќа…