(Видео) Бајден го одликуваше Зеленски со Медалот на слободата!
Украинскиот претседател Володимир Зеленски беше одликуван со Медалот на слободата од страна на американскиот претседател Џо Бајден.
– Голема чест е да се биде одликуван со Медалот на слобода. Оваа награда навистина покажува како и за што се бори украинскиот народ. Слободата е главниот збор за нас и она што навистина ги обединува сите Украинци.
Ви благодариме за поддршката – претседателот Бајден, двете партии од Конгресот и секој американски граѓанин! Ве молиме знајте дека не поддржувате само земја или нејзин лидер, туку поддржувате милиони луѓе кои, како вас, ја негуваат слободата.
И ве повикувам да ја одржите оваа постојана поддршка за Украина до самиот ден кога ќе можеме целосно да го вратиме територијалниот интегритет на нашата држава, напиша Зеленски на Фејсбук каде објави и видео од церемонијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ердоган: Турција е единствената што може директно…
Турција е единствената што може директно да…
Зеленски ќе се сретне со Трамп за…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, потврди дека…
Зеленски: Нè очекуваат уште две тешки офанзиви
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за…
Зеленски: Украина очекува фонд од 2,9 милијарди…
Финансискиот аранжман познат како Листа на приоритетни…
Зеленски до Трамп: Покажете јасен став и…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика Доналд…