(Видео) Беспилотните летала „Бајрактар“ пристигнаа во Албанија!
Албанскиот министер за одбрана Нико Пељеши најави дека во Албанија пристигнале турски беспилотни летала Бајрактар, кои ќе ги зголемат борбените способности на земјата.
Беспилотните летала „Бајрактар“, познати по својата ефикасност и напредна технологија, сега се во Албанија! Монтажата е веќе започната два дена, а паралелно се поставува и придружната инфраструктура за нивно работење и контрола“, напиша Пељеши на Фејсбук.
Тој додава дека овој развој не само што ги зголемува одбранбените способности на Албанија, туку служи и како доказ за посветеноста на земјата да ја гарантира националната безбедност и да ги исполни највисоките одбранбени стандарди.
„Ова достигнување е симбол на нашата посветеност за модернизација и иновација во нашите вооружени сили“, нагласи министерот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
42 годишна жена од Македонија загина во…
Тешка сообраќајна несреќа со двајца загинати и…
Во Албанија нема веќе средна класа –…
Тирана секогаш ме асоцира на сонце, расположени…
Албанското Специјално обвинителство отвори истрага против Рама…
Албанското Специјално обвинителство за борба против корупцијата…
Рама ја исклучи можноста за оставка, повика…
Албанскиот премиер Еди Рама повторно ги повика…
Осомничен за убиство во Македонија, турски државјанин…
31-годишен турски државјанин, кој бил баран со…