(Видео) Бетмен велиТ – Дали е Таче, трансилваниско маче

t

Во најновата епизода од емисијата Бетмен велиТ на Инфомакс, Богдан Илиевски ги коментираше изјавите на Слави Трифонов, кој во два фејсбук статуси посветени за Македонија, Македонците ги нарече Северномакедонци со бугарско потекло нагласувајќи дека ако не го прифатиме тоа нема да ги започнеме преговорите со Европската унија.

Сѐ во духот на добрососедството. Истовремено, Трифонов се жалеше на некаков говор на омраза кон Бугарите во Макеоднија, без притоа да знае дека говорот на омраза оди на сметка на имбецилите кои се нарекуваат наши добри соседи, а не нарекуваат северномакедонци, нешто што ни душманите на македонскиот идентитет, како на пример Заев, Димитров и екипата не го сториле, јавно.

Сепак, изостана реакција од нашата влада, исто како и мината година, кога Трифонов изјави дека ќе испраќа Северномакедонци во вселената, а Заев само искоментира дека бугарскиот политичар не ги знаел фактите.

„Верувам дека се работи за незнаење, бидеjќи навистина се работи за две пријателски земји коишто никогаш немале проблем“, изјави тогаш Заев.

Во тоа време, Заев неговиот колега од Бугарија, Бојко Борисов си го нарекуваше брат, додека Борисов, исто така не нарекуваше Северномакедонци.

И наследникот на Заев, исто, како шут Петко, настапува кон новиот премиер на Бугарија, кој пак, е коалиционен партнер на Слави Трифонов, ако се сеќавате, минатата година изјави дека Македонија и Бугарија се две држави со еден ист народ, Бугари..

Ни тогаш, ниту сега немаше реакција од македонските власти. Тогаш изговор им беше дека е предизборие и дека изјавите се предизборен фолклор, а сега, можеби, биле кажани во време на божиќни пости па поради постењето не може да изреагираме соодветно.

Но ете, може Бујар да изреагира, ваљда тој не пости, но и од него реакција нема. Веројатно поради колегите кои постат, па не сака да ги погоди со своите „остри ставови“, како на пример, кога изјави дека и да добиеме датум, се очекува дека Бугарија ќе не кочи околу 200 пати.

„Некој калкулирал дека 200 пати, од почетокот на преговорите до завршување, ќе треба исти вакви одлуки со консензус. 200 пати може Бугарија да го спречи патот на Македонија.“, изјави Османи во интервју за бугарска телевизија.

Новиот премиер на Бугарија, во кого сите полагаа надеж дека ќе го отргне ветотот, не само што не го тргна, туу најави формирање на уште пет нови работни групи кои согласно Договорот за добрососедство кој го потпиша Заев.

Значи, како што најави Петков, освен за историјата, ќе се направат пет работни групи во други сфери и посочи дека кога ќе сме ги виделе придобивките од другите работни групи, полесно ќе сме се соочеле со решавањето на другите прашања. Односно, ако фрлат некоја паричка, ќе попуштиме во историската комисија и ќе се попишеме како северномакедонци со бугарско потекло.

Значи Петков го кажа истото што го кажа Трифонов, само со други зборови. Како што кажа и дека Бугарија е единствена во однос на своите позиции кон Македонија, и дека нема намера да отстапи.

И додека во Македонија никој не реагира на навредливите изјави на бугарските политичари дека сме северномакедонци со бугарско потекло, Бугарија се крена на нозе поради рускиот филм посветен на Св Кирил и Методиј и Св Климент и Наум Охридски, во кој се зборува дека словенската писменост потекнува од Македонија, а не од Бугарија.

Харвардскиот прогресивен студент, Кирил Петков, филмот го нарече провокација пред која нема да молчат бидејќи ја подриваат бугарската историја.

Да потсетиме као сево ова започна, со простотилак и игноранство. Заев потпиша договор со Бојко Борисов во кои влегоа оние историски комисии поради кои јадевме и ќе јадеме вето. Но уште пред потпишувањето на договорот, еден од најголемите говорници против македонскиот идентитет од Бугарија, покојниот историчар Божидар Димитров, најавуваше дека доколку се потпише овој Договор за добрососедство, тоа ќе значи дефинитивен крај на македонизмот.

Авторот на книтата „Десетте лаги за македонската историја“ е воодушевен од Зоран Заев кој потврди дека македонскиот и бугарскиот народ се еден народ и најавува дека со спорведувањето на договорот ќе се создадат две бугарски држави.


Така Заев поради политиката која ја водеше стана омилен кај националистите во Бугарија, но и неговите следбеници, како Ковачевски, кој изјави дека нема да отстапи од политиките на својот претходник и дека верува дека може да се изнајде решение со источниот сосед.

Да не заборавиме, Бугарија преку т.н. објаснувачки меморандум побара од членките на Европската унија побара нејзините ставови за македонскиот идентитет и јазик да се внесат во во преговарачката рамка, како посебно поглавје во кое Скопје ќе гарантира дека ќе прифати сѐ што ќе бара Бугарија. Главната теза е дека не постојат Македонци како етничка, туку како географска припадност. Ова е предуслов за сите понатамошни чекори во процесот.

Ќе се најде решение во рамките на овие позиции… сигурно, со оглед наа тоа дека Заев смета дека имаме не споделена, не вкрстена, туку заедничка историја, како што потврди и специјалниот претставник Бучковски. И министерот за надворешни работи кој „лавовски“ е бори за Македонија се согласи дека имаме заедничка историја.

Идниот премиер, пак, изјави дека не е историчар, и дека тоа прашање треба да го реши исторската комисија. Со тоа тој, всушност кажа дека не е сигурен дали сме ист или различен народ..

Сфаќате ли кој ќе преговара со Кирил Петков??
Сфаќате ли сега зошто токму тој беше одбран од Заев да го наследи на неговата функција?…

И сега, некој како Слави Трифонов ќе не нарекува северномакедонци со бугарско потекло, и државата ќе молчи бидејќи идниот премиер не знае дали е Македонец туку му треба комисија да му потврди…

Додека упорно не уценуваат со нашата иднина поради нашето минато, источните историчари не седат мирни и на други полиња, па така на повидок е и вето за Србија од страна на Бугарија, за Никола Тесла, кој, според нив има бугарски корени.

Видеото можете да го погледнете ТУКА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Фатени со рачињата во медот: Кривични…

Кривична пријава по текст на Инфомакс Министерството…

(Видео) Африм Муча во живо за Инфомакс:…

Африм Муча, претставник на еден од синдикатите…

Следете нѐ: Вечерва продолжуваме со „Плус/Минус“ и…

Не пропуштајте ја денешната епизода на „Тешки…

Среќна нова 2024 година ви посакува Редакцијата…

Нека новата 2024 година ви донесе многу…

Ексклузивни документи за рушењето на крстот на…

Крстот на Попова Шапка и денес е…