(Видео) Бомба на Крмов: ВМРО-ДПМНЕ ќе прифати уставни измени

t

Во вечерашното гостување, пратеникот на Левица – Борислав Крмов изјави дека се поизвесно е дека ВМРО-ДПМНЕ ќе прифати да се реализираат уставните измени за влез на Бугарите во Уставот. Пратеникот предупреди дека ако се случи уште едно предавство, како со Преспанскиот договор, ВМРО-ДПМНЕ ќе влезе во процес на распаѓање.

„Од наши извори коишто ги имаме, ВМРО ДПМНЕ се има согласено за уставни измени, само се кршат копјата дали ќе биде пред или после избори. Пред избори, повеќе им одговара на СДС, после избори на ДПМНЕ.

Сите партии освен Левица, суверенитетот не го бараат кај народот, туку кај странските амбасади. Нашите извори велат дека ќе гласа цел парламент (освен Левица), за да им дадат покритие. Морам да истакнам и да ги предупредам ВМРО ДПМНЕ, ако уште едно предавство како со Преспански се случи, со учество на ДПМНЕ, ќе влезат во процес на распаѓање – пасокизација, слично како што е моментално СДС. ДПМНЕ има едно осипување после Преспански, ако се дрзнат на уште едно предавство за измени на Уставот, и ДПМНЕ ќе влезе во процес на распаѓање.

Потоа ќе остане само Левица како политичка партија којашто ќе ги собере сите прогресивни сили и од лево и од десно, кои сакаат да пружат отпор во центарот којшто е Левица.” – истакна Крмов.

ЛИНК од видеото

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ си ги мерат „АРМИИТЕ“…

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ и опозициската СДСМ денес повторно…

ВМРО-ДПМНЕ: На Филипче му смета секој успех…

Филипче денес се најде да зборува за…

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за…

Демократската унија за интеграција ја поздравува изјавата…

ВМРО-ДПМНЕ: Економијата забрзува со раст од 4,З…

Додека СДС очајува и ликува на неуспех,…

Дали има договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ…

„Да, бараме“ - вака потпретседателот на ДУИ,…