(Видео) Бура беснее на брегот на Балтичкото Море- такво нешто не е видено последните 100 години
Силно невреме го погоди брегот на Балтичкото Море и предизвика поплави во Германија, а медиумите пишуваат дека ова би можел да биде најголемиот олуен бран во последните 100 години.
Вода ги поплави улиците во центарот на градот Фленсбург.
Силната бура исфрли вода од Балтичкото Море на брегот и предизвика поплави во Шлезвиг-Холштајн.
Во Фленсбург тоа би можело да биде најголемото невреме во последните 100 години, пишуваат медиумите.
Таму околу полноќ нивото на водата достигна 2,27 метри над просечниот водостој, изјави портпаролката на Федералната поморска и хидрографска агенција (БСХ) во Росток.
Се очекуваа „само“ два метри. Вчера во 18 часот нивото на водата се уште беше 1,63 метри над нормалата“, рече таа.
Последен пат ваква поплава се случила во 1904 година, пренесува Bild.
Делови од пристаништето утрово се уште беа поплавени.
Од безбедносни причини, општинските комунални претпријатија ја исклучија струјата во погодените подрачја.
„Најлошото помина, денеска почнуваме со чистење“, рече градоначалникот на Флензург.
Евакуирани се жителите на три квартови. Во градот Арнис, кој се смета за најмалиот град во Германија со само 300 жители, пукнале два насипи, изјави портпаролот.
По турбулентната ноќ, напливот на бура на брегот на Балтичкото Море значително ослабна, а предупредувањето за наплив на бура е укинато.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Синоќа засилено прскање против комарци во три…
Засилени акции за прскање против комарци синоќа…
Врховниот суд на САД привремено гo одобри…
Американскиот претседател Доналд Трамп доби привремена правна поддршка…
Иранците тврдат: Подготвени сме за новите американски…
Иранските власти соопштија дека имаат двегодишен план…
Пронајден нов, трет дрон со сомнителен експлозив…
Германските истражители откриле трет дрон и експлозивна…
Летови од 19 евра и рачен багаж…
Европскиот авионски пазар би можел да добие…