(Видео) Велешанецот Ване низ солзи: Греота е ова што го прават, на народот…

t

Како пациентите да ја повратат довербата во лекувањето на Клиниката за онкологија?

Верувам дека знаат, тоа е гребење по коските, по нервите, не го доживеале, греота е ова што го прават, на народот….

Вака, велешанецот Ване, кој првично имал дијагноза – рак на дебелото црево кој се проширил и на белите дробови и црниот дроб, и го затекнавме пред Онкологија ни раскажа за тоа што чувствува откако дознал дека полицијата влезе од Онкологија и собира документи за да може да се потврдат сомнежите и наводите дека дел од лековите за болните се краделе и се препродавале на црно. Тој, иако има само пофални зборови за неговата докторка онколог, вели дека одамна е загубена довербата во здравството.

Со Ване во исти ред или пред врата на Онкологија денеска имаше редица пациенти и нивни блиски, кои велат ако се даваат раствори наместо лек, зошто чекаме со часови и молиме за лек.

Помладите пак, велат, не знаат што да очекуваат, кога не се сигурни дали се тие терапии оние кои ги примале. Велат, сон не не фаќа.

Други пациенти и нивни блиски, кои од Охрид рано дошле на Кликика се без коментар за случувањата, ама кажуваат дека и денеска како и секој ден на Онкологија е хаос.

Во меѓувреме, реагираат и лекарите. Првиот човек на Клинички центар вели дека сомнежите се срам за белиот мантил и побара да не се ставаат сите „во ист кош“, бидејќи ако има дело, има и конкретни сторители.

Помеѓу лекарите кои реагираа по изнесените сомнежи кои се во предистрага во обвинителство е и Д-р Драган Даниловски, поранешен министер за здравство. Тој на социјалните мрежи напиша дека ова што се случува е пораз и срам за белиот мантил, кој никогаш нема да може да се испере.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дурловски повика Македонија да испрати дарувана крв…

Оперскиот пејач Игор Дурловски упати иницијатива Македонија…

(Видео) Емануел и Брижит ја пречекаа Сиљановска-Давкова…

На маргините на Парискиот мировен форум, претседателката…

Израелски медиуми: Трамп и Нетанјаху имале жестока…

Американскиот претседател, Доналд Трамп, и израелскиот премиер,…

Семејството Макрон поднесе нова тужба против жената…

Францускиот претседател Емануел Макрон и неговата сопруга,…

Нови детали за трагедијата во Бугарија: Запрен…

Запрен романски камион во возната лента можеби…