(Видео) Витина: Кандидат на ВМРО-ДПМНЕ немаше да победи на локалните избори во Скопје! Данела седна на маса луѓе кои не можевме да ги замислиме!
Во денешната епизода на Тешки муабети, уредникот на Инфомакс, Александар Митовски, прашува дали ВМРО-НП полека ја презема ВМРО-ДПМНЕ.
– Нели мислиш дека ВМРО-НП ја презема ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи сите функционери и најтесниот т.н kitchen cabinet, односно најтесниот круг на претседателот, е од ВМРО-НП, меѓу кои и Мицкоски.
Имаше дискусии дали е тој од ЛДП или од друго место, тој е “народњак”, вели Митовски.
Милошевски додаде дека моментално ВМРО-НП има каква таква, моментално бугарашка идеологија, а ВМРО-ДПМНЕ остана без идеологија, луѓето коментираат дека се е договорено, дека нема идеја, а нема нешто што повеќе може да го мотивира народот и членството од идејата.
Витина се огради од ваквиот став и повтори дека е лојален член на партијата, дека не е против нови лица, но тие лица да носат победи, но додаде дека веќе нема жар кај членството.
– Мое размислување е дека ние како партија ако имавме сопствен кандидат за локалните избори во Скопје немаше да победиме. Данела си имаше свој круг на луѓе кои ја поддржаа, таа седна на маса луѓе кои ние не можевме да ги замислиме, ако не ги седнеше ќе победеше Шилегов, рече Витина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: Каракачанов посоодветно е да ги покани…
Во однос на поканата на Каракачанов до…
Милошоски: СДСМ ги саботира измените на изборното…
ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува инцијативата на министерот за…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не шират паника, Филипче…
Пензионерите денес имаат конкретени резултати кои што…
ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ си ги мерат „АРМИИТЕ“…
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ и опозициската СДСМ денес повторно…
ВМРО-ДПМНЕ: На Филипче му смета секој успех…
Филипче денес се најде да зборува за…