(Видео) Влахов-Мицов открива СКАНДАЛ: Бугарија доставила список на непожелни историчари за во македонскиот дел од историската комисија!
Во времето на Тодор Живков животот не беше добар не само на Македонците во Бугарија и не само на останатите национални малцинства, Турци, Власи, но не беше добар ни за самите Бугари, вели во денешната епизода на Тешки муабети професорот Стефан Влахов-Мицов.
-“Живков зборуваше отворено, јас суверенитетот го гледам во тоа народот да има за јадење и пиење, значи тие што така гледале, за нив било добро, имаше за јадење и поење, ама за тие што сакаат да размислуват , не беше добро. И сега е тешко за оние што мислат.
Ако пред 60-70 години кажевте дека сте Македонец немаше да се разбудиш, пред 50 години ќе завршеше во затвор, ако пред 40 години кажеше дека си Македонец ќе те избркаа од затвор, ќе те тепаа, сега Македонците во Бугарија немаат апсолутно, апсолутно никакви права. Имаат “право” да кажат дека се Бугари за да можат да имата, не комодитет, туку да можат да преживеат, да работат, вели Професорот кој открива скандалозен настан каде бил доставен список од историчари кои не се пожелни во македонскиот дел од историската комисија.
-Од друга страна т.н јаничари, голем дел од македонските џелати се македонски јаничари, целата историска комисија о бугарска страна се Македонци, но јаничари, а сега се поголеми Бугари. Кога се формирани комисиите од бугарска страна испратиле список со 26 имиња од макеоднски историчари кои не смеат да се стават во таа комисија, скоро Груевски напиша дека се тројца, но не се, 26 се, јас нема информација за сите кои се, тоа е во МНР, вели Влахов-Мицов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Странската комисија утврдила сомнителни наоди кај девет…
Министерот за здравство Азир Алиу денеска информираше…
Забраната за двојно државјанство за пратениците утре…
Утре во Собранието ќе заседава Законодавно-правна комисија,…
(Видео) 25 години државата се изживува со…
25 години државата се изживува со стопроцентен…
Тошковски и Андоновски: Електронски лични документи и…
Денеска (19.04.2024) министерот за внатрешни работи Панче…
Почна интервјуирањето на 42-та кандидати за новиот…
Собраниската Комисија за прашања на изборите и…