(ВИДЕО) Водителка на Би-Би-Си покажа среден прст среде програма во живо
Водителката на Би-Би-Си, Мерјам Мошири, во средата во 12 часот во програмата во живо го покажа средниот прст, а снимката набрзо стана вирална.
Водителката не знаела дека снимањето започнало, па камерата ја фатила како покажува среден прст моменти по завршувањето на одбројувањето на програмата.
Кога завршило одбројувањето, таа веднаш стана сериозна и почна да ги чита вестите за Борис Џонсон. Но, потоа направи уште еден гаф и, зборувајќи за пандемијата на Ковид-19, наместо „коронавирус“ рече „коронаверс“.
Видеото стана хит на социјалните мрежи, а некои во коментарите ја нападнаа за непрофесионално однесување, пишувајќи дека треба да добие отказ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Би-би-си“ го избрка новинарот што известуваше од…
Долгогодишниот новинар на „Би-би-си“, Гај де Лони,…
Би-Би-Си: Маскирани мигранти тајно работат за грчката…
Полицијата во Грција регрутирала мигранти за насилно…
Трамп ќе ја тужи „Би-Би-Си“ , сака…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека веројатно…
Трамп се закани со тужба кон Би-би-си
Доналд Трамп испрати писмо до Би-би-си со…
„Би-Би-Си“ објави фотографија од Македонија за време…
Познатиот канал „Би-Би-Си“ објави фотографија од Македонија…