(Видео) Во Бродец мечка се обидува да влезе во семејна куќа, жителите на шарпланинските села бараат заштита

t

Мечките веќе станаа постојани жители на шарпланинските села. На видеото подолу се гледа како мечка со мало мече се обидува да влезе во еден дом во шарпланинското село Бродец. Жителот на селото во страв го затвора прозорецот, но мечката упорно стои под прозорецот и се обидува да влезе во неговата куќа.

Но мечките се постојано во близина на селата.

„Слободен печат“ објави снимки од мечки како одат низ нивите, во атарите на селата, се шетаат со мечињата како да се дел од мештаните на ова село.

Од Националниот парк Шар Планина велат дека добиваат поплаки за ваквите случаи, но мечката е заштитено животно и секој истрел кон неа е прекршување на законот. Но, сепак безбедноста на населението ни е е пред се, вели Ибрахим Дехари директор на Националниот парк Шар Планина.

Постојано сме во координација со локалното население на Шара, имавме средба со надлежните министерства, а во понеделник ќе имаме уште една средба каде ќе треба да се дефинираат насоките во врска со оваа проблематика, додава Дехари.

„Мештаните бараат заштита. Случаите се пријавени во СВР Тетово исто така е пријавено во инспекторатот. Во Министерството за животна средина организиравме средба каде беа и преставници од Министерството за земјоделие.Со нив разговаравме што со таа мечка во Бродец, но и со другите мечки. Дојдовме до заклучок дека таа мечка не можеме да ја остреламе, заштитена е мечката и има мече. Ќе имаме во понеделник уште една средба, дали таа мечка ќе се дислоцира или ќе се преземе нешто друго, вели Ибрахим Дехари директор на Националниот пар Шар Планина.

Главна причина поради која мечките се симнуваат до самите села се дивите депонии околу селата каде мечките се во потрага по храна, констатираат од Националниот парк Шар Планина.

„Мечките обично се движат кон депониите околу самите села и долж самата река. Таа мечка според информациите од локалното население се хранела од депониите и е научена да живее во тој дел.Затоа таа мечка има навика да биде меѓу луѓето. Сега има малечко и таа мечка има друг пристап си бара храна. Мечките лесно си наоѓаат храна на депониите и пак ќе речам човечкиот фактот е пресуден затоа што мечките се симнуваат до селата, тоа е така поради депониите, да не се тие нема што да бара мечката тука“, вели директорот Дехари.

На Шара се евидентирани 55 мечки. Пред два месеци се реализираше успешна акција за спасување на мечок на вработените од НП Шар Планина и Јавната Установа Зоолошка градина на град Скопје.Во бачило на жител од шарпланинското село Бозовце, вработените ослободија мечок кој беше заглавен во сајла околу 10 часа. Мечокот беше изморен и исплашен, а по 3 часовна акција успешно ослободен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Брачен пар нападнат од мечка додека го…

Во Словачка се случи уште еден напад…

Жена во Словачка загина во блиска средба…

Жена (31) од Белорусија починала откако била…

(Видео) Автомобил удри во мечка со мали…

Доцна вечерва на локалниот пат Тетово -…

Мечка влегла во домот на екс-пратеник на…

Мечка влегла во домот на екс-пратеникот Латиф…