(Видео) Во Иран жена го соблече хиџабот и се качи на полициско возило
Сензација предизвикува снимката од моментот кога жена во Иран ја фрли облеката и се качи на хаубата на патролно полициско возило.
На видеото од инцидентот што се случи во градот Машхад, втор по големина во Иран, се гледа како жената им вика на вооружените полицајци пред конечно да влезе во патролното возило за да продолжи со протестот.
На видеото се доловува и засраменоста на еден од полицајците, кој се чини дека се двоуми дали да ја допре жената.
Видеото објавено од новинарот и активист, Масих Алињад, престанува кога жената мавта со рацете и вика.
Според нејзиниот сопруг, жената е згрижена, без да прецизира дали е уапсена или не.
Иако деталите за причината за протестот на жената не се објавени, коментаторите тврдат дека тоа е уште еден инцидент на јавно несогласување со законот промовиран од раководството на Иран кој наметнува строги казни за жените кои ги оставаат косата, рацете и нозете на јавен приказ, иако овој закон беше „замрзнат“ по меѓународните реакции.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…
Блумберг: САД и Иран се приближуваат до…
САД и Иран се приближуваат до можен…
Иран: Развивме подземни комплекси за производство на…
Иранскиот Корпус на исламската револуционерна гарда (ИРГЦ)…
САД нудат награда од 20 милиони долари…
Соединетите Американски Држави нудат награда до 20…
Иран се заканува со ракетни напади врз…
Ирански пратеници се заканија со ракетни напади…