(Видео) Во МПЦ има група која одработува за фанариотите под бугарско знаме: Имаме чист томос даден по сите каконски правила!

t

За првпат Македонската православна црква добива автокефалност под овој назив, вели во денешната епизода на Тешки муабети професорот Олливер Андонов.

– Дојдовме до тоа да добиеме автокефална Македонска православна црква, ние имаме чист, потполн томос со полна автокефалија добиен на 5 јули годинава од СПЦ, според правилата на православната црква томосот го дава последната црква која имала канонска јурисдикција бидејчи утврдува дека една црква ги исполнила условите да биде автокефална.

МПЦ има историска врска со Охридската архиепископија која оставила исклучителен траг на просторот и го сочувала словенскиот бит на македонскиот народ.

Ние имаме една навика во Македонија постојано да се потпираме на лаици, луѓе си земаат за прав да коментираат нешто за што немаат никакви познавања, тогаш омаловажуваат, осудуваат луѓе или пласираат погрешни информации.

Секоја црква има своја јурисдикција и на една територија не може да постои јурисдикција на две цркви, таа може да биде на територијата на државата со која е омеѓена и да има своја дијаспора.

Тој кој е автономен има управа, ама главата над него е некој друг, ние денеска сме самовозглавени, автокефални и главата на МПС е Г.Г. Стефан.

Втор томос нем апотреба, ниту е по правило ниту има потреба, МПЦ е во потполност посебна црква, а неколку цркви веќе ја прифатија автокефалноста.

Грција има став да не постои име македонска, да не се употребува македонска и тоа е политичко прашање, Цариград е инструмент на грчката политика моментално.

Цариград сака да воспостави источно папство и тука е судирот со Московската црква, а тука не се исклучени ниту другите цркви. Тие се повикуваат на некоја средновековна одлука каде што од таа позиција византиските цареви имаат внесено едно “правило” дека сите варварски народи припаѓаат на Цариград. Тој смета дека и Америка, Канада, Австрија, Канада сега му припаѓаат на Цариград.

Патријархот сака да се откажеме од нашата дијаспора, тие да бидат под него, а тоа нема да биде само за нашата црква, ако се вратиме наназад Цариград двапати ја укинува СПЦ, па ја признава дури во 1922 гоина.

Има група во МПЦ која одработува за фанариотите, дури во Бигорскиот манастир многу ми е жал што е направено едно бунило во главите на лушето кои чудно под бугарско знаме одработуваат за фанариотите, вели Андонов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Според Календарот на МПЦ утре се празнуваат…

Соборот на Руските новомаченици и исповедници се…

Денеска се празнува Преподобен Григориј Декаполит

Роден е во Декапол Исавриски, од Сергиј…

Денес се сеќаваме на Светите маченици Гуриј,…

Гуриј и Самон беа угледни едески граѓани.…

Денеска е Свети Павле Исповедник, патријарх Цариградски

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Денеска е Свети…

Епископот Марко устоличен во новата Делчевско-каменичка епархија…

Во црквата Успение на Пресвета Богородица во…