(Видео) Герасимовски: Полицијата веднаш да реагира за вандалското однесување во Капиштец!
Во населбата Капиштец синоќа повторно беше нарушен јавниот ред и мир, откако група малолетни лица со непримерно однесување извршија серија вандалски активности. Тие кршеа шишиња, палеа петарди и предизвикуваа тепачки, со што ја загрозија безбедноста на локалното население.
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, остро го осуди овој чин и побара итна интервенција од надлежните институции.
Ова не е изолиран инцидент, туку континуиран проблем кој бара итна реакција. Како одговорни граѓани, веќе поднесовме пријава до надлежните институции и апелираме до Министерството за внатрешни работи веднаш да преземе мерки за справување со овие недолични активности и да поведе детална истрага,“ истакна Герасимовски.
Општината апелира до Министерството за внатрешни работи да преземе брзи и ефикасни мерки за справување со ваквите појави, со цел да се спречат потенцијални трагични последици.
Градоначалникот предупреди дека малолетниците вклучени во ваквите дејства не само што им наштетуваат на другите, туку ризикуваат и да се повредат самите.
„Очекуваме брза и ефикасна реакција за да се спречи некоја поголема трагедија“, додаде Герасимовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бесплатни униформи ќе добијат сите основци во…
И оваа учебна година Општина Центар продолжува…
Без струја делови од Карпош, Центар и…
Без електрична енергија денеска ќе останат делови…
За паркинг на второ возило во Центар…
Во услови кога бројот на возила во…
Герасимовски: Поставени сите уреди за мерење бучава…
Општина Центар ја заврши првата фаза од…
Низ Центар се поставуваат паметни апарати за…
Околу угостителски објекти, високо фреквентни улици и…