(Видео) Германските земјоделци ги блокираа пристапите до аеродромот во Франкфурт
Стотици земјоделци рано утринава со своите трактори ги блокираа пристапните патишта до аеродромот во Франкфурт, протестирајќи против владината одлука да ги укине даночните олеснувања за набавка на дизел за земјоделска механизација.
Ситуацијата некако се смирила до пладне, пренесува Билд.
Полицијата во Франкфурт најпрво предупреди на мрежата Х дека патниците кои имаат намера да стигнат до аеродромот треба да користат јавен превоз поради блокадата на државните патишта, а потоа објави дека се отворени повеќето приоди до најпрометниот аеродром во Европа.
Според полицијата, околу 500 трактори ги блокирале патиштата, но организаторите тврдат дека ги имало околу илјада.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Експлозија во стан во Аеродром!
На 09.11.2026 во 04:50 часот во СВР…
Авион што летал од Германија за Турција…
Авион на турската авиокомпанија „SunExpress“, кој леташе…
Косовските безбедносни сили добија 12 воени камиони…
Косовските безбедносни сили (КБС) добија 12 камиони…
Кола намерно влета во луѓе во Германија,…
Автомобил „бмв“ синоќа намерно влетал во група…
Градоначалникот на Аеродром ја објави како пример…
Објава на градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан…