(Видео) „Голема акција“: Разбиена група дрвосечачи со коњи во Струмица
Во координирана акција на надлежните служби во струмичкиот регион, откриена е организирана група дивосечачи која незаконски вршела сеча и транспорт на дрва. Како што информира заменик генералниот директор на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов, акцијата била реализирана од шумочуварската служба при ПШС „Беласица“ – Струмица, во соработка со Шумската полиција од Струмица и Валандово, со поддршка на СВР Струмица.
На терен биле затекнати повеќе од 20 лица од село Баница, кои превезувале нежигосани дрва, без соодветна документација и посечени на недозволени локации. При акцијата била одземена поголема количина огревно дрво, а надлежните изготвиле седум записници за констатираните прекршоци.
Михаилов нагласува дека институциите ќе продолжат со засилени контроли и најавува „нулта толеранција“ за нелегалната сеча. Сепак, тој посочува дека проблемот има подлабоки корени и дека со години системот дозволувал ваквите појави да опстојуваат.
Според него, покрај санкциите, неопходно е да се работи и на долгорочни решенија, кои ќе вклучуваат обезбедување алтернативни извори на егзистенција за луѓето вклучени во вакви активности, како и нивна едукација за штетите што ги предизвикуваат врз природата и екосистемот.
Дел од жителите кои претходно се занимавале со нелегална сеча, како што посочува Михаилов, ја напуштиле земјата и побарале работа во странство, но тој смета дека тоа не е трајно решение. Според него, потребен е системски пристап и заеднички ангажман за справување со проблемот.
Тој додава дека денес постојат механизми и технологија за ефикасна контрола, и доколку има волја, може да се воведе ред во оваа област.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) „Голема акција“: Разбиена група дрвосечачи со…
Во координирана акција на надлежните служби во…
Полицаец од Струмица „заработил“ 500 евра, посредувал…
Полицаец од Струмица посредувал за мирно решавање…
И Струмица добива „Безбеден град“
Струмица е следниот град што треба да…
Поднесена кривична пријава за „лихварство“ против струмичанка
СВР Струмица поднесе кривична пријава против Ј.Т.(53)…
Кривична пријава против правно и физичко лице…
СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица,…