(Видео) Голем пожар во хотел во Барселона – има тешко повредени
Најмалку девет лица, од кои едно е во критична состојба, се повредени во пожар што избувна во хотел во централниот дел на Барселона, соопшти шпанската служба за итни случаи.
Каталонската телевизија прикажа снимка, очигледно направена со мобилен телефон, на која лице скока од прозорец на третиот кат на душеци кои беа поставени на тротоарот за да го ублажат ударот, објави АП.
Локалните медиуми објавија дека најмалку уште едно лице морало да скокне надвор за да избега од пожарот.
Портпаролката на Брзата помош Зулма Ица изјави дека покрај еден маж кој е во критична состојба, уште две лица се во тешка состојба, пренесе РТС.
Полицијата ги истражува причините за пожарот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЦУК: Активни се четири пожари
Активни се четири од 14 регистрирани пожари…
Пожарите во Штип и кај Пробиштип се…
Чистење двор или спој на разлабавени електрични…
Опожарени две возила во скопски Аеродром
Во раните утрински часови во Скопје избувнал…
(Видео) Гори амбасадата на Пакистан во Белград
Пожар избувна утрово во зградата на амбасадата…
Мачки активирале рингли во Баварија и предизвикале…
Две мачки предизвикале голем пожар во стан…