(Видео) Голем пожар кај Дубровник, експлодираа мини, ветрот само ја влошува ситуацијата
Пожарите во Хрватска односно во Сегет кај Трогир излегоа од контрола. Силниот ветер ја отежна целата акција за локализирање на пламените јазица, објавуваат хрватските медиуми.
Орканскиот јужен ветер предизвика големо ширење на пожарите на отворен простор, а според последните информации на терен се 130 пожарникари, пренесува Индекс.
Пожарот во Жупа Дубровачка предизвика дополнителни потешкотии. На ридот над Петрача детонираат остатоци од мини од Татковинската војна, јавува дулист.
„Состојбата на теренот не е добра. По синоќешната борба и сите добри работи што ги направивме, силниот ветер во текот на денот и екстремно силниот ветар во попладневните часови повторно разгореа сè. Повторно имаме пожар, можеби потежок и понапорен. Во моментов тој не им се заканува на куќите, но многу е сигурно дека тоа ќе се случи“, рече Стјепан Симовиќ, командирот на пожарникарите на Дубровничко-неретванската жупанија.
Жупа Дубровачка е туристичко место, има многу станбени згради, мала општина, но има многу луѓе, рече Симовиќ и додаде дека се во контакт и со капетанот на канадерите, кој во моментов не може да гасат поради силниот ветер.
„Невозможно е да летаат, тука се со нас и им е жал, но не можат да помогнат поради силниот ветер и силните турбуленции“, изјави Симовиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЦУК: Активни се четири пожари
Активни се четири од 14 регистрирани пожари…
Пожарите во Штип и кај Пробиштип се…
Чистење двор или спој на разлабавени електрични…
Опожарени две возила во скопски Аеродром
Во раните утрински часови во Скопје избувнал…
(Видео) Гори амбасадата на Пакистан во Белград
Пожар избувна утрово во зградата на амбасадата…
Мачки активирале рингли во Баварија и предизвикале…
Две мачки предизвикале голем пожар во стан…