(Видео) Голем хаос во Германија: Пијан возач направи катастрофална сообраќајка

t

Три лица се повредени кога пијан возач на камион налетал на повеќе од 30 автомобили во градот Фирт во германската провинција Баварија.

Камионот, управуван од 50-годишен Турчин, поминал на црвено светло на раскрсница, се судрил со автомобил, а потоа налетал на повеќе од 30 паркирани возила.

Голем број автомобили се сериозно оштетени, а избувна и пожар во кој целосно изгореа некои возила.
По судирот камионот се запалил, а пламенот се проширил на делови од станбени згради, поради што неколку станари се евакуирани.

Возачот на камионот, возачот на автомобилот со кој се судрил камионот кога поминал на црвено светло, а во несреќата е повреден и еден пешак.

„Никогаш не сум видел таков размер на уништување. Можеме само да ја замислиме силата со која камионот удрил во автомобилите. „Можеше да се случи кошмарно сценарио доколку на улицата имаше повеќе пешаци“, изјави портпаролот на полицијата за германски Билд, опишувајќи го местото на несреќата.

Штетата се проценува на меѓу 400.000 и 500.000 евра.
Полицијата го уапсила возачот, кој се покажал дека бил пијан, а против него е поведена постапка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Американската компанија „Ковенант“ ќе произведува крстосувачки ракети…

Американскиот одбранбен контрактор „Ковенант“ планира да отвори…

Македонски државјанин убиен во Германија

Дваесет и седумгодишен маж од Северна Македонија…

Паника во источна Германија: Полицијата деактивираше 21…

Обвинителството во источната германска покраина Саксонија во…

Убедлива победа на АфД во Саксонија Анхалт…

Крајнодесничарската Алтернатива за Германија (АфД) оствари убедлива победа на покраинските…

Германската крајна десница АфД убедливо победи во…

Крајнодесничарската Алтернатива за Германија (АфД) освои убедлива…