(Видео) Го немаше делот за Делчев, Груев, Сандански: Ковачевски го пречека Петков со половина македонска химна – Владата демантира

t

Бугарскиот премиер Кирил Петков пристигна во Скопје.

На премиерот на Бугарија Кирил Петков му беше приреден свечен пречек пред владата на Република Македонија. Тој беше дочекан од неговиот домаќин Димитар Ковачевски.

Но, кога дојде редот за изведување на македонската химна, воениот оркестар го изведе само првиот дел но не и делот што е проблематичен за Бугарија каде се споменува Гоце Делчев, Даме Груев, Сандански и Крушевската република.

Слушнете, делот со химната е на петата минута од видето

Од Владата на Македонија најостро го демантираат и го отфрла како дезинформација објавеното на повеќе медиуми и портали за наводно намерно изоставање на одредени делови, односно стихови од химната на Македонија за време на официјалниот пречек на претседателот на Владата на Република Бугарија, Кирил Петков.

„Воениот оркестар на Армијата на Република Македонија согласно воениот и државен протокол се ангажира при пречек на странските државници на највисоко ниво при што секогаш и без исклучок се интонираат инструментални кратки верзии на државните химни, а никогаш не се изведуваат верзии на химните во целост и со стихови и вокали. Оттука, дезинформација е дека химната, односно стихови од химната биле скратени од кои било причини специфично за оваа посета. Дезинформација е дека било кој стих од химната бил скратен бидејќи стихови воопшто не се изведуваат при вакви церемонии. Ова е востановена пракса во протоколите за пречек, како во Македонија, така и во светски рамки“, се наведува во реакцијата од Владата.

Оттаму додаваат дека химните во вакви прилики се изведуваат без вокали и само во инструментална кратка верзија може лесно да се утврди при прегледување на снимките на сите претходни пречеци на државници на највисоко ниво кои ја посетувале Република Македонија достапни на Јутуб каналот на Владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ковачевски: Техничката влада е дефинирана со закон,…

 Техничката влада е дефинирана согласно закон и…

СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…

Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…

Ковачевски: Техничката Влада е законска обврска за…

Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски…

Ковачевски во Виена: Економската соработка и интеграција…

Економската соработка и интеграцијата на земјите е…

Срдечна средба на Ковачевски со Александар Сорос

Премиерот Димитар Ковачевски на маргините на Парискиот…