Груевски би бил голем безбедносен ризик во Идризово, јас политичарите би ги ставал во најлошото крило, вели Пандов

t

Директорот за извршување санкции, Александар Пандов изразува сериозни сомнежи за безбедноста на Никола Груевски доколку биде екстрадиран и сместен во Идризово. Тој ставот го сподели во „Претрес со Ландов“.

„Па не знам дали е безбеден, искрено. Не сум баш уверен дека е безбеден, бидејќи немаме ќелиски систем, не можеш да го одвоиш. Ако оди во Идризово ќе биде со 120 луѓе. Ако дојде такво време, ќе се размислува. Вака како што е, мислам ќе биде голем безбедносен ризик“, рече Пандов.

Прашан дали ако некогаш Зоран Заев биде осуден, ќе го дели истиот став рече: „Исто мислам дека… ама со многу помалку ризик би бил Заев. Сега ќе ти кажам во што е разликата – Груевски издете таква кампања негативна, го направија шовинист, мислиш дека во 11 години сѐ што правел, правел најлошо за Албанците“.

Прашан дали планираа засебен затвор за политичари и високопрофилни лица, тој одговори: „Би ме направиле партал. Тоа да, ако ги ставиш во најлошото крило, сите ќе поздрават. Што и би ги ставал јас, ако се прашувам“. На прашањето дали дури и Груевски би го ставил во најлошото крило, Пандов рече: „Било кој политичар…“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Млада битолчанка со остар предмет го нападнала…

Вчерашната вечер не се покажала како празнична…

Дали има договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ…

„Да, бараме“ - вака потпретседателот на ДУИ,…

Шефот за надворешна политика на Бундестагот ја…

Претседателот на Комисијата за надворешни работи на…

Трајко Славески за лошите резултати на учениците:…

Во објава на социјалните мрежи, актуалниот гувернер…

Од сабота „Безбеден град“ и во Велес

„Безбеден град“ од сабота, 12 септември, почнува…