(Видео) Давидовиќ по ocлободувањето од пpитвop на Мијалков: Koментарите на Маричиќ се пpитиcoк врз пpaвосудството, притворот стана kaзна – ова е крајно непрофесионално

t

Попладнево Апелациониот суд во Скопје одлучи во целост да го укине притворот за екс директорот на УБК Сашо Мијалков.

Апелациониот суд во тричлен состав од кој се дел судиите Тања Милева, Ѓоко Ристов и Енвер Беџети ја прифати гаранцијата на Мијалков.

Како гаранција екс директорот на УБК приложи 11 милиони евра, недвижен имот во хотелот Мериот, но и стан во Капиштец.

Веднаш по завршувањето на рочиштето за „Плацеви на Водно“, Давидовиќ во детали објасни како ќе се одвива постапката за прифаќање на гаранцијата за Мијалков и ослободување од притвор.

-Tреба решението да се достави во катастер, гаранцијата да биде заведена и да стане правосилно, по што Мијалков ќе биде пуштен да се брани од слобода. Eдинствено што можам да кажам е дека конечно некои европски вредности почнуваат да заживуваат во Република Македонија затоа што ваква висока гаранција и толку време во притвор ниту се понудени, јас не знам зошто и минатиот пат беше одбиена, но еве судството веќе има слух за такви работи и почнува да ги прифаќа гаранциите, вели Давидовиќ.

Адвокатот на Мијалков ја коментираше и несолената изјава на министерот за правда Бојан Маричиќ кој истакна дека му се гадело поради одлуката на Апелација.

За него тоа е класичен политички притисок врз правосдуството, некоректно и лошо говори за државата кога еден министер се дрзнува на ваков начин да коментира одлуки на судот.

-Изјавата на Маричиќ е политички притисок врз правосудството на една политичка фигура која нема ингеренции во правосудството по однос на конкретни предмети и одлуки. Тоа е некоректно прво затоа што ниту знае каква е гаранцијата ниту кој се условите, ниту зошто е прифатена. Многу е лошо како министер да коментира на овој начин затоа што врши политички притисок на судството. Наместо да биде благодарен што судството добива европски вредности и она што постојано ни го сугерираше Европа и го има во извештајот на Прибе. Истиот има коментар кој е несоодветен и непрофесионален.

Тој потенцира дека ваквите изјави се една од клучните причини за ниската доверба во правосудството на јавноста.

-Ова е една од причините за рекордно најниската доверба во правосдуството. Вие знаете дека е осум проценти довербата и во обвинителството и во судството. Мерката притвор стана казна, вели тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хаос во судница на судењето на „Плацеви…

Веројатно ако прашате било кој адвокат кој…

Драги Рашковски треба да оди во притвор…

Рашковски би требало да е во ефективен…

Миjaлков и неговите адвokaти позитивни на кopoнавирусот…

Поранешниот директор на Управата за безбедност и…

Жecтока рeaкција на Комерцијална на нeбyлозите на…

Апелациониот суд донесе одлука со којашто го…

Ова го нема ни во Африка: Адвокaтитe…

Одбраната на ексшефот на УБК „удри“ и…