(Видео) Даниловски бара кpaј за ceртификатите и маските на затвopeно

t

Можно е да регистрираме и две и три илјади позитивни, но тоа на некој начин е ирелевантно затоа што тој број треба да го помножиме со пет, со седум, а можеби и со десет за да добиеме реална бројка на заразени во земјата, вели епидемиологот д-р Драган Даниловски во разговор за телевизија Канал 5.

– Ирелевантно е затоа што нема да имаме значајно зголемување на бројот на хоспитализациите, а тоа е она што е најважно за една држава, за да не колабира здравствениот систем, вели тој.

На прашањето дали треба да се тргнат заштитните маски, со оглед на тоа што омикрон не дава некоја потешка клиничка слика, епидемиологот смета дека маските во затворен простор треба да се симнат.

– Изолацијата повеќе не му е потребна никому, освен можеби за здравствените работници – до пет дена. Слободно сите да работат, оние кои се без симптоми или со лесна слика, додека пак оние кои имаат поизразени симптоми да си одат на домашно лекување. Зарем можеме да прифатиме пола држава да ни оди во изолација?

Исто така, сметам дека и маските во затворен простор треба да се симнат, а исто така и од учениците.

Сертификатите се нешто што се без смисла во амбиент во којшто имаме вирус којшто не почитува имунитет, не почитува вакцинација и сега ние – сертификати. Кого штитиме со сертификатите?

На тој начин бргу ќе дојдеме до колективен имунитет од преку 95 отсто којшто е доволен за да стивне епидемиското ширење. Ова стратегија не е баш безопасна затоа што оние што се високо ризични групи – постари од 75 години, хронично болните итн. би требало малку да се притајат додека трае бранот, а помладите треба да се изложат, вели Даниловски.

Како што проценува д-р Даниловски, тој е убеден дека појавата на омикрон варијантата е крајот на пандемијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лавров: Крај на „500-годишната доминација“ на Западот

Формирањето на мултиполарен свет е објективен тек…

Путин: Доминацијата на западните банки се ближи…

Според рускиот претседател, новите технологии му се…

„ПУШТЕТЕ ГИ НЕКА УМРАТ“ Сериозни обвинувања за…

Патрик Валанс, главниот научен советник на владата…

Генералното собрание на ОН изгласа резолуција за…

Генералното собрание на ОН изгласа резолуција која…

Државен завод за ревизија откри: Министерството за…

Над 18,6 милиони евра се офајдиле приватните…