(Видео) Дел од британскиот кредит ќе оди за Бехтел и Енка
Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, во емисијата Бизнис 21 на ТВ21 излезе со силна критика за начинот на кој бил планиран договорот со компанијата Бехтел и Енка. Според него, дел од парите од британскиот кредит ќе се насочат токму кон тој проект, а требало уште од старт да биде предвидено како ќе се обезбедат тие средства.
„Требаше Груби да ги испланира тие средства пред да потпишува“, изјави Славески, алудирајќи на екс потпретседателот на Владата Артан Груби, кој беше главен промотор на договорот со американско-турскиот конзорциум.
Славески откри и шокантна проценка за вистинската цена на проектот:
„1,3 милијарди евра е само номинална сума. Според моите проценки, таа ќе биде три пати повисока. Да, да, да… Тоа се над 5 милијарди евра. Верувајте ми, од она што е мое познавање за реализација на проекти, до крајната реализација цената ќе порасне два-три пати.“
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Радев лут на ЕП за критиките за…
Бугарскиот премиер Румен Радев реагира за резолуцијата…
Петровска: На СДСМ му треба лидер со…
Славјанка Петровска потврди дека има амбиција да…
Германија уапси Украинец осомничен дека собирал воени…
Германските власти уапсиле украински државјанин во покраината…
ЕУ: Цврсто стоиме зад Меѓународниот кривичен суд
Европскиот парламент одлучи наградата „Сахаров“ за слобода…
Луѓе гинат и во ЕУ“: Морнарите бараат…
Синдикатот на морнари на Хрватска побара морското…