Објавено на:

(Видео) Демократијата умре – Канада со драконски мерки за демонстантите: Ќе се замрзнуваат и лични банкарски семтки?

t

Канадскиот премиер Џастин Трудо најави замрзнување на личните банкарски сметки на демонстрантите кои се противат на епидемиолошките мерки воведени поради пандемијата Ковид-19.

Трудо се повика на Законот за вонредни состојби, наведувајќи дека опсегот на мерки ќе биде, како што наведе, временски ограничен, разумен и пропорционален и дека армијата нема да биде распоредена, јави Танјуг.

Според новите мерки, банките ќе можат да ги замрзнат личните сметки на сите вклучени во протестите, без потреба од судски налог.

„Ова е за заштита на Канаѓаните и заштита на работните места на луѓето“, рече Трудо на прес-конференција во понеделникот.

Вицепремиерката Кристи Фриленд рече дека банките ќе можат да ги замрзнат личните сметки на сите вклучени во протестите без потреба од судски налог, а исто така најави дека овластувањата на законот за финансирање тероризам ќе се прошират за да ги опфатат криптовалутите и платформите за групно финансирање.

„Се работи за следење пари“, рече таа, откако хакерите објавија детали за 93.000 донации за камионџии на платформата за собирање средства „GiveSendGo“ во вкупна вредност од 8,4 милиони долари.

Да потсетиме, канадската полиција во понеделникот, по еднонеделна блокада, ги отстрани преостанатите демонстранти од мостот „Амбасадор“ во градот Виндзор, кој е клучен граничен премин и главна рута за трговија меѓу Канада и САД.

Протестите најпрво започнаа како бунт на камионџиите против новото правило дека мора да се вакцинираат за да ја поминат американско-канадската граница, за брзо да прераснат во широки демонстрации против ограничувањата за Ковид.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Големи пожари беснеат во Канада: Евакуирани…

Големите шумски пожари што ја зафатија канадската…

Повеќе од 800 шумски пожари беснеат низ…

Низ Канада беснеат повеќе од 800 шумски…

Канада интензивно ископува руда за да има…

Канада интензивно ископува критични минерали и ги…

(Видео) Протести во САД: Воведен полициски час…

Одлуката беше донесена по серија жестоки судири…

САД најавуваат нови царини кон Канада и…

Портпаролот за трговија на САД, Џејмисон Грир,…