(Видео) Димитријевиќ: Локалните избори ќе бидат со посебен акцент и понуда за младите – СДСМ е конструктивна опозиција

t

СДСМ е конструктивна опозиција, немаме проблем да седнеме на маса со ВМРО-ДПМНЕ и да разговараме на теми кои се општествен интерс, истакна генералниот секретар на партијата, Александар Саша Димитријевиќ во гостување во емисијата „Политиканти“ на Инфомакс.

Во врска со заинтересираноста на младите за приклучување кон партијата, Димитријевиќ истакна дека интересот на младите за членство и активност во партии во Македонија генерално опаѓа, меѓутоа локалните избори ќе бидат моментот кога партијата ќе посвети посебно внимание на младите.

– Локалните избори ќе бидат момент кога ќе се даде посебен акцент на младите, посебни проекти за младите. Ние немаме проблем да кандидираме човек кој е препознаен од општеството, а не е стриктно паартиски член, истакна Димитријевиќ.

На прашањето зошто СДСМ не произведува и користи „контроверзни“ теми, генералниот секретар на партијата истакна дека во состојба кога секоја ситуација се искористува за партиски ПР, опозициската СДСМ ќе биде одговорна партија и нема да злоупотребува чувствителни теми.

Во СДСМ не владее едноумие, има кој да каже „не“, имаме дискусии, а и Филипче не е суетен човек, истакна Димитријевиќ како одговор на прашањето дали има кој да каже не во партијата, бидејќи во минатото се случувало да нема кој да им се спротивстави на Заев или Ковачевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Првоодделенска грешка на транспарент на СДСМ: Македонија…

СДСМ денес објави транспарент на кој пишува…

ВМРО-ДПМНЕ: Добро е што Кузеска признава дека…

ВМРО-ДПМНЕ реагира на прес-конференцијата на Богданка Кузеска,…

Итна оставка од Филипче, вонреден конгрес и…

Итна оставка од Филипче, вонреден конгрес и…

Манасиевски: Го повикуваме ЈО да постапи по…

Венко Филипче на вчерашната прес-конференција откри и…

„Разговори за иднината во 12:05“ со реакција…

Организаторите на платформата „Разговори за иднината во…