(Видео) ДОБИ УДАР ВО ЛИЦЕ ОД МОБИЛЕН СРЕДЕ КОНЦЕРТ: Падна на колена и заврши во болница!
Пејачката Бебе Реџа (33) доживеа болно и непријатно искуство на концертот во Њујорк. Во текот на настапот во „The Rooftop“, Њујорк, била погодена во глава со мобилен телефон, поради што паднала на сцената од болка.
Видеоснимките започнаа да се споделуваат на Твитер, на кои се гледа како телефонот лета во воздухот пред да ја удри пејачката во глава. Откако била погодена, Бебе Реџа паднала на подот додека нејзиниот тим истрчал на сцената за да ѝ пружи помош, кои не биле веднаш свесни за тоа што се случило. Пејачката, чие вистинско име е Блета Реџа, потоа ја напуштила сцената, а во бекстејџот била видена како со болна гримаса се држи за лицето.
Инцидентот се случил пред крајот на настапот, додека таа се опростувала од публиката. Нејзината мајка открила дека Бебе „заработила“ три конци по ударот.
https://twitter.com/captiv_8_/status/1670613816957075456?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1670613816957075456%7Ctwgr%5E35450fe241c76569e1ff39e6cb9446b88673db8c%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fplusinfo.mk%2Fvideo-beba-re-a-dobi-udar-v-lice-od-mobilen-srede-koncert-padna-kolena-i-zavrshi-vo-bolnica%2F
Исто така, на социјалните мрежи се појави и снимка која прикажува возило на Итната помош на местото на настанот, со кое пејачката била пренесена во болница.
Се чини дека сите добро се забавувале сè до моментот кога таа била повредена. Добитничката на Греми повикала обожавател на сцената да ја отпее „I’m Gonna Show You Crazy“ со неа и многу присутни изјавиле дека тоа била одлична ноќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Германија очекува нови руски хибридни напади
Германскиот канцелар Фридрих Мерц предупреди дека неговата…
Глобалниот пазар на обврзници под огромен притисок…
Паралелно со геополитичката криза се развива уште…
Иран подготвува многу посилен одговор доколку САД…
Иран се подготвува за поширок и посилен…
Нов удар врз саудиската нафтена индустрија: нападнат…
Нов сериозен напад е пријавен врз клучната…
Сомнежи за бензинските пред новите цени: Имаат…
Граѓаните кои се сомневаат дека одредена бензинска…