(Видео) Добро утро со Инфомакс: Кога ја љубев Дениција како да учествував во создавањето на првата Македонска Држава
Македонската литература изобилува со прекрасна поезија и проза, голем дел од неа посветен на татковината, на љубовта и на најголемата љубов-кон Македонија.
Во период кога македонскиот народ, јазик, историја, култура, традиција се негирани, Ви издвојуваме една прекрасна творба од легендарниот Петре М. Андреевски.
Дениција е збирка поезија на македонскиот писател Петре М. Андреевски од 1968 година. Истата година, збирката била наградена со наградите „11 Октомври“ и „Браќа Миладиновци“.
Добро утро Македонци, во продолжение уживајте во “Кога ја љубев Дениција”:
Кога ја љубев Дениција,
како да калемев светлина на мракот,
како да топев снегови фатени во движење,
како да станував единствен сведок
за бакнежот меѓу металот и громот.
Кога ја љубев Дениција,
како да му пронајдував брзина и на каменот,
како да ја одделував душата од телото,
како да го палев барутот,
на тилот од смилот и трендафилот.
Кога ја љубев Дениција,
како да внесував летен воздух во воздухот зимен,
како да ги откривав сите рудници на злато,
како да добивав телефонска врска со сонот
од сите успани работници.
Оти ја љубев Дениција,
како што ги отворав пролетните аптеки,
сместени во гласот од славејот,
како што славејот ги спријателуваше
небото и земјата,
како што таа ми ја одземаше тежината,
додека трчав кон неа,
како што не можев да видам ништо освен неа,
како што таа живееше додека јас умирав,
како што и јас не знаев како би умрел,
ако таа не се родеше.
Кога ја љубев Дениција,
како да учествував во создавањето
на првата Македонска Држава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Добро утро со Инфомакс: Те барам во…
Петре Мито Андреевски е ненадминат македонски поет,…
Добро утро со Инфомакс: Кога ја љубев…
На денешен ден, во 1934 година се…
Добро утро со Инфомакс: Во нејзиниот глас…
Дениција, збирка поезија на еден од великаните…
Добро утро со Инфомакс: Во тебе беа…
Дениција, збирка поезија на еден од великаните…
(Видео) Добро утро со Инфомакс: Кога ја…
Македонската литература изобилува со прекрасна поезија и…