(Видео) Дончиќ со пцовки по Митровски, нашиот судија не подлегна на притисок!
Првата ѕвезда на Словенија, Лука Дончиќ, беше нервозен на натпреварот против Босна и Херцеговина, посебно во финишот кога се „кршеше“ резултатот, а неговиот тим доживеа пораз (93-97).
При резултат 86-86, на нешто три и пол минути до крајот, Дончиќ имаше замерки за одлука на македонскиот судија Игор Митровски. Во еден момент паднаа и сочни пцовки, нив ги евидентираа камерите, ама нашиот арбитар не подлегна на притисокот. Словенецот може да биде среќен затоа што Митровски му прости техничка.
Игор Митровски е единствениот македонски претставник на Европското првенство (ЕП), а досега одлично си ја врши задачата.
Извор: gol.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пронајдено тело на 38-годишен маж кај Смилковци…
Во близина на село Смилковци, скопско, пронајдено…
„Ниту еден родител да не го види…
Со фотографија од својата 26-годишна ќерка Сара…
Мицкоски уверен дека процесот за АЛТА банка…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува успешно завршување на…
Студентската листа: Блиску сме до договор за…
Студентската листа е блиску до решение за…
Делчево ќе добие современа спортска сала –…
Министерството за спорт продолжува со реализација на…