Објавено на:

(Видео) Драма на Оскарите: Познатиот актер Вил Смит му залепи врела шлаканица на Крис Рок

t

„Скандалот“ со шлаканицата и пцости, ќе остави печат на овогодишниот избор за Оскар. Глумецот Вил Смит, на среде сцена му влепи шлаканица на водителот и актер Крис Рок. Вакавата реакција следеше откако Рок рече дека Џејда Пинкет – Смит, инаку сопруга на Вил Смит, може да ја игра „Г.И.Џејн“ во вториот дел, затоа што нема коса. Таа минатата година отворено говореше за дека има алопеција и дека можеби воопшто нема да има коса, бидејќи за таа состојба, нема лек.

И публиката остана вџашена, не знаејќи дали станува збор за глума, шега или за вистина, сè додека не сфатија дека Вил Смит е сериозно испровоциран од зборовите на Крис Рок.

Невкусната шега на Крик Рок беше навредлива за Вил Смит и за Џејда која уште лани отворено зборуваше дека има агресивна форма на алопеција што довело да ја изгуби косата за еден ден, а потоа воопшто да не и поорасне и дека за тоа нема лек.

На паузата за реклами, глумците Дензел Вашингтон и Тајлер Пери ги смируваа Вил Смит и Џејда, која плачеше бидејќи беше многу вознемирена, а тоа го потресе и сопругот, па и тој се расплака.

Вил Смит потоа го освои Оскарот за најдобар актер во главна машка улога за улогата на Ричард Вилијамс, таткото на тенисерските легенди Серена и Венус Вилијамс во филмот „Кралот Ричард.“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОИК Куманово: Во Куманово на три избирачки…

На две избирачки места во Куманово поради…

Ужас: Силувана малолетничка во Скопје

На 23.04.2024 во 09:30 часот во СВР…

Одѕивот до 15 часот е 35,89 отсто,…

До 15 часот до Државната изборна комисија…

Просечната нето плата во февруари 39 276…

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во…

АФП: Македонија гласа на клучните избори за…

Во Македонија денеска е првиот круг од…