Објавено на:

(Видео) Драма на фудбалски натпревар: Медицинскиот тим на едната екипа спаси навивач од смрт

t

Натпреварот меѓу Фулам и Блекпул во Лондон, кој се игра во рамките на 29 коло во англискиот шампионат, беше прекинат поради вонредна состојба околу 40 минути.

Фулам на домашен терен го пречека Блекпул и му одеше одлично за тимот од „Крејвен Котиџ“.

По само шест минути беше 1:0, а стрелец беше српскиот голгетер Александар Митровиќ, со што го постигна 28 гол во лигата оваа сезона.

Во 13 минута од натпреварот се случи нешто зад голот на Фулам.

Лекарскиот тим истрча кон трибините, а играчите на двата тима тргнаа надвор од теренот.
Десетина минути подоцна, судијата им порача на екипите да се вратат во соблекувалните.

„Натпреварот беше прекинат поради медицински инцидент. Двата тима се враќаат во соблекувалните додека на навивачите им се помага“, соопштија од Фулам.

Натпреварот продолжи по пауза од 40 минути, а навивачот беше префрлен од стадионот во болница. Засега не е познато зошто точно било неопходно да се пружи лекарска помош.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Нова драма со авион на „Боинг“:…

Авионот „Боинг 737-800“, кој летал за Хјустон,…

(Видео) Хаос во Бирмингем: Полските навивачи запалија…

Полицијата во Бирмингем имаше многу работа пред…

Новина во фудбалот, ќе се воведе портокалов…

Меѓународниот одбор на фудбалска асоцијација (IFAB) начелно…

Младите македонски фудбалери ја декласираа Саудиска Арабија…

Репрезентацијата на Македонија до 19 години славеше…

СРАМОТА: Одземени знамињата со сонцето од Кутлеш…

Во Националната Арена „Тоше Проески“ вечерва ќе…