(Видео) Државата мора да се грижи за пензионерите – Повисоки пензии, нови старечки домови и геријатриски центри

t

Ние имаме во Македонија 330.00 пензионери. Факт е дека децата ни се иселуваат, младите ни се иселуваат. Тоа значи дека државата мора да се пресвичува и треба да гради институции што ќе се грижат за овие пензионери, изјави денеска претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски.

– Ако децата ни се во странство кој ќе се грижи за нивните родители? Тоа значи дека треба да се отвораат пензионерски домови, односно најмалку 15-тина пензионерски домови низ градовите во Република Македонија.

Значи мора за пензионерите да имаме институционална грижа, кога таа грижа ја нема од децата, а од друга страна, јасно е дека има повеќе од 750.000 граѓани во моментот кои се врзани за постела, било да се работи за парализа, мозочни удари, тешки сообраќајки или луѓе кои се во тешка терминална фаза. Тоа значи дека треба да градиме геријатриски центри.

Мојот предлог е да градиме геријатриски центри во склопот на општите болници, да има од 20 до 50 легла и практично сите наши граѓани кои се во тешка здравствена состојба да бидат згрижени во тие геријатриски центри затоа што луѓето не можат да најдат лице кое ќе се грижи за нив, затоа што нивните деца треба да работат или не се во државата но државата мора да биде та која ќе направи институционална форма и ќе води грижа за луѓето кои се во тешка здравствена состојба.

Во исто време, она што ние го предлагаме, она што јас го предлагам е да ниту едно пензионерско семејство нема приход помал од 25.000 денари, а тоа значи дека секое пензионерско семејство да има барем еден минимум со кој ќе може да ги покрие трошоците за исхрана, за лекови, за греење, за ѓубретарија, за вода и за други потреби коишто тие ги имаат, истакна Јакимовски.

ЛИНК од изјавата на Јакимовски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонските пензии најниски во регионот

Пакетот антикризни мерки кој помпезно се најавува…

Почна исплатата на покачените септемвриски пензии

Министерството за труд и социјална политика известува…

Левица удри по Тренчевска: Покачувањето на пензиите…

Долгонајавуваното покачување на пензиите е понижувачко, велат…

МТСП: 330 илјади пензионери ќе добијат покачена…

Со септемвриската пензија околу 330 илјади пензионери…

Тренчевска: Пензионерите добиваат покачување на пензиите од…

Околу седум проценти покачување ќе добијат пензионерите…