(Видео) Еве како го пречекаа Ковачевски во Софија

t

Македонската делегација ќе остане во дводневна посета, а утре двете влади ќе одржат и заедничка седница во резиденцијата „Бојана“. Ковачевски и Петков ќе имаат воведно обраќање, а потоа ќе одржат и заедничка прес-конференција. Предвидено е да се потпишат и неколку билатерални документи

Со највисоки државни почести, интонирање на македонската и бугарската химна, владината делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски, попладнево беше пречекана во Софија од бугарската делегација на чело од премиерот Кирил Петков.

Официјалниот пречек се случи на плоштадот „Александар Невски“ во Софија, каде двајцата премиери положија цвеќе на Споменикот на непознатиот војник.

Македонската делегација ќе остане во дводневна посета, а утре двете влади ќе одржат и заедничка седница во резиденцијата „Бојана“. Ковачевски и Петков ќе имаат воведно обраќање, а потоа ќе одржат и заедничка прес-конференција. Предвидено е да се потпишат и неколку билатерални документи.

Датумот на заедничката владина седница беше официјализиран за време на посетата на Петков во Скопје минатата недела, кога беше договорено и формирање на работни груби од двете страни кои ќе треба да работат на надминување на недоразбирањата и зајакнување на соработката помеѓу двете држави. Тогаш беше објавено и дека Бугарија прифаќа да го користи краткото име на државата – „Северна Македонија“, откако македонската влада испрати нота до Обединетите нации дека краткото и долгото име се еднакво валидни и во која се потврдува отсуството на какви било импликации врз територијалниот интегритет на Бугарија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Нашиот Устав нуди апсолутно сериозна заштита…

Политиката се темели на разговори. Јас сум…

СОСЕДИТЕ ПРОФИТИРААТ ИАКО РУДАРСТВОТО ИМ СТАГНИРА –…

Бугарија минатата 2025 година произвела руда во…

Крум Ефремов ќе биде македонски амбасадор во…

Во тек се подготовките за заминување на…

Минималната плата во Бугарија во 2027 година…

Минималната плата во Бугарија за 2027 година…

Бугарија врати 11,6 тони македонски пиперки поради…

Бугарските власти вратиле пратка од 11,6 тони…