(Видео) Експлозии на Крим, нападнат руски аеродром!

t

краинците јавуваат дека во текот на ноќта се слушнале експлозии во окупираниот град Џанкој на Крим. Според информациите на украинските медиуми, погоден е руски аеродром.

„Укринформ“ објави дека експлозиите се слушнале доцна синоќа, цитирајќи локални канали на Телеграм.

Вторник веројатно беше денот кога беа извршени најмногу напади врз Украина во еден ден од првата недела од руската инвазија, соопшти британското Министерство за одбрана, поради што многумина го сметаат гранатирањето на Крим како одмазда против Киев.

„ Муниција беше лансирана од воздушни, морски и копнени платформи. Иако голем дел од проектилите беа успешно пресретнати, Украина се соочува со значително намалување на достапната електрична енергија од нејзината национална мрежа. Ова ќе влијае на цивилниот пристап до комуникациите, греењето и снабдувањето со вода“, се наведува во соопштението.

Исто така, гранатирањето на Крим се случува по неодамнешните настани во Полска, кога две ракети паднаа на тамошната територија и загинаа две лица. Американскиот претседател Џо Бајден и претставници на НАТО објавија дека на територијата на Полска паднале украински проектили, кои биле истрелани за пресретнување на руските.

Володимир Зеленски ги негираше овие наводи и побара докази, но Полска одби да и дозволи на Украина да учествува во истрагата, додека Бајден најави дека „зборовите на Зеленски не се доказ“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…

Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…

Во рамки на работната посета на Берлин,…

(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…

На социјалните мрежи се појавија информации и…

Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…

Во 2027 година возилата на Министерството за…

Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…

Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…