Објавено на:

(Видео) Жител на село Парналија јавајќи магаре го удрила кола и со тешки повреди завршил во болница, возачот избегал

t

53 годишник од село Парналија, карбинско, јавајќи магаре бил удрен од возило и завршил во КБ Штип.

На 03.03.2024 во 18.33 часот во СВР Штип, од Клиничка болница Штип е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен М.Р.(53) од с.Парналија, општина Карбинци. По преземени мерки од полициски службеници од СВР Штип било утврдено дека во 11.30 часот на некатегоризиран пат од с.Кучица кон с.Парналија, М.Р.(53) јавал домашно животно и притоа се разминал со неколку возила, при што едно од возилата го удрило животното и тој паднал и се здобил со повредите. Лицето кое го управувало возилото, без да му пружи помош, го напуштило местото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што, во координација со јавен обвинител ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дурловски повика Македонија да испрати дарувана крв…

Оперскиот пејач Игор Дурловски упати иницијатива Македонија…

(Видео) Емануел и Брижит ја пречекаа Сиљановска-Давкова…

На маргините на Парискиот мировен форум, претседателката…

Израелски медиуми: Трамп и Нетанјаху имале жестока…

Американскиот претседател, Доналд Трамп, и израелскиот премиер,…

Семејството Макрон поднесе нова тужба против жената…

Францускиот претседател Емануел Макрон и неговата сопруга,…

Нови детали за трагедијата во Бугарија: Запрен…

Запрен романски камион во возната лента можеби…