Објавено на:

(Видео) Зеленски бара “превентивни напади” на Русија: Медведев препорачува психијатри превентивно да му го отворат черепот

t

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски го повика НАТО да изврши „превентивни напади“ против Русија за „да се елиминира можноста“ за руски нуклеарен напад.

– Што треба да направи НАТО? Да ја елиминира можноста од употреба на нуклеарно оружје од страна на Русија. Ни требаат превентивни напади, вели Зеленски.

Шефот на рускиот Совет за безбедост, Дмитриј Медведев, на Телеграм напиша дека на “овој идиот” му треба психијатриски третман.

– На овој идиот психијатри треба да му направат превентивна
краниотомија. Се додека не направи повеќе мака за својот народ и за сите други, напиша Медведев.

Краниотомија инаку е хируршко отворање на коскениот череп. Служи како пристапна рута за операции на мозокот и неговите соседни структури. За време на краниотомијата, коскената плоча се подигнува од черепот, така што се создава кружна дупка во горниот дел на черепот.

Претходно портпаролот на Кремљ, Песков изјави дека такци превентивни напади на Русија би значеле почеток на нова светска војна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ердоган: Турција е единствената што може директно…

Турција е единствената што може директно да…

Зеленски ќе се сретне со Трамп за…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, потврди дека…

Зеленски: Нè очекуваат уште две тешки офанзиви

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за…

Зеленски: Украина очекува фонд од 2,9 милијарди…

Финансискиот аранжман познат како Листа на приоритетни…

Зеленски до Трамп: Покажете јасен став и…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика Доналд…