(Видео) Зеленски и Џонсон се прошетаа низ Киев
Британскиот премиер Борис Џонсон денеска го посети Киев. По средбата со претседателот на Украина, Володомир Зеленски, тие двајца заедно се прошетаа низ улиците на градот.
Премиерот Борис Џонсон рече дека ја направил својата ненајавена посета на украинскиот главен град како „покажување на непоколебливата поддршка на Британија за народот на Украина“.
Велика Британија ќе испрати 120 оклопни возила и нови противбродски ракетни системи за поддршка на Украина во нејзината борба против руската инвазија, соопшти Даунинг стрит.
Како и оклопните возила, како значително засилување на британската воена поддршка, Џонсон рече дека Британија ќе испрати и нови противбродски ракетни системи.
Погледнете го видеото на следниот линк:
https://twitter.com/DefenceU/status/1512867082932793347/video/1
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ердоган: Турција е единствената што може директно…
Турција е единствената што може директно да…
Зеленски ќе се сретне со Трамп за…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, потврди дека…
Зеленски: Нè очекуваат уште две тешки офанзиви
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за…
Зеленски: Украина очекува фонд од 2,9 милијарди…
Финансискиот аранжман познат како Листа на приоритетни…
Зеленски до Трамп: Покажете јасен став и…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика Доналд…