(Видео) Избегал од возилото и ги оставил 13 мигранти кај Миравци да се снаоѓаат: Полцијата распиша потерница

t

Полицијата синоќа спречи два нови обиди за криумчарење мигранти. Во два одделни случаи откриени се вкупно 13 лица од кои 9 од Индија и 4 од Пакистан. Индиските државјани биле откриени во патничко возило марка Мерцедес кое се обидело да ги избегне полициските контроли на автопатот во близина кај Гевгелија. Наместо да застане на дадениот знак возачот на мерцедесот ја зголемил брзината и ги одбегнал и двете контроли па продолжил да се движи се до клучката со селото Миравци каде ги оставил возилото и мигрантите и побегнал.

По пребарувањето на теренот полицијата успеала да го пронајде. Се работи за македонски државјанин против кого имало распишано потерница. Заедно со него бил пронајден и неговиот совозач.

Другиот случај бил откриен неколку часа порано кај клучка Демир Капија за време на контрола на патничко возило БМВ управувано од жител на Гостивар во кое се пронајдени четворица државјани на Пакистан. Возачот е лишен од слобода на лице место, а за случајот е известен и јавен обвинител. По целосното документирање и на двата случаи ќе бидат поднесени соодветни пријави. – Пишува Зоран Ѓоргиев за Сител ТВ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пукање во мигрантски камп кај Сараево

Во мигрантскиот камп Блажуј кај Сараево синоќа…

Три малолетни девојчиња загинаа во несреќа со…

Три девојчиња, неофицијално сестри на возраст од…

Приведен криумчар на мигранти, пронајдени пет лица…

Денес рано наутро полицијата спречи нелегална трговија…

Автомобил полн со мигранти од Кина удрил…

Полицијата во недела привела триесет и петгодишен…

Скопјанец фатен како криумчари мигранти

На 26.02.2024 во 21.15 часот на улица…