Објавено на:

(Видео) Изразот на лицето на Блинкен, додека Бајден го нарекува Си диктатор, кажува повеќе од 1.000 зборови

t

Камерата на Си-Ен-Ен го забележа изразот на лицето на шефот на американската дипломатија Ентони Блинкен во моментот кога американскиот претседател Џозеф Бајден на прес-конференција го нарече својот кинески колега Си Џинпинг диктатор.

Бајден на прес-конференција, на која требаше да ги претстави резултатите од самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК) рече дека сè уште го смета својот кинески колега за диктатор.

„Тој е диктатор во смисла дека е тоа човек кој раководи со земја, комунистичка земја заснована на форма на владеење која е сосема поинаква од нашата“, рече Бајден.

Судејќи според снимката снимена од камерата на Си-Ен-Ен, самото прашање на новинарот упатено до Бајден, дали тој сè уште го смета Си за диктатор, предизвика непријатност кај американскиот државен секретар, а изразот на лицето кога американскиот претседател ќе одговори потврдно јасно покажува што мисли Блинкен за јавно искажување вакви ставови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како грчките земјоделци молзеле средствата од Европа…

Неодамнешните скандали со земјоделските производи ја натераа…

Тепачка во угостителски објект во Тетово –…

МВР информира дека рано утринава околу 02:00…

Хрватска ги укинува класичните патарини, од 2027…

Хрватска од 1 март 2027 година воведува…

Тирана реагира зошто не се интонирала и…

Министерството за Европа и надворешни работи на…

Мицкоски: За две години пензиите зголемени за…

Премиерот Христијан Мицкоски за време на денешната…