(Видео) Илјадници претставки се испраќаат до Судскиот совет, ама тие се потресоа само за писмото од американската амбасадорка

t

Илјадници претставки се праќаат до Судскиот совет, од граѓани и од правници. Тие немаат обврска да образложат зошто е одбиена претставката.

Пишува писмо амерканската амбасадорка, која е гостинка во нашата држава, тие буквално се избезумија.

Јас Весна Дамева сум ја критикувал јавно и таа и потпретседателот имаат нула денови судски стаж, а ценат судии како работат, но вчера ДУИ буквално го презема Судскиот совет.

На каубоски начин потпретседателот ѝ го зема зборот на Дамева, на претседателката на Судскиот совет, си гласаат и сите молчат. Влада молчи, Собрание молчи, опозицијата молчи…

Диксутабилно е колку Дамева тука ќе има храброст да се бори до крај и да го оспорува тоа пред Управен суд и дека не смее да излезе во Службен весник, вели Митовски.

Уредникот на Инфомакс, Александар Митовски, објасни дека Агелер е многу искусен дипломат и не е првпат американската амбасада да упати вакво писмо.

-Кога пуштаат такво писмо, таа кореспонденција е јавна и сами ја објавуваат, зошто ова писмо наводно се чувало не знам ама претпоставувам дека кога стигнало до сите институции, не им одговарало во моментот кога е пуштено да се знае дека е јавно и го имаат сокриено, но некој го има излиферувано.

Агелер во писмото ништо скандалозно не кажува, тоа е на линија на извештајот на Стејт Департментот кој се објавува секоја година. Прашањето е кој ги застарува делата, Апелација или Основен суд или Обвинителство?

Јас тврдам, сум следен 50-60 рочишта во Основен суд, сметам дека Основен суд е рак-рана на системот. Ако некаде се пробува да се заврши работа е во основен суд, вели Митовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ХОРОР: Марија, мајката на убиеното дете Александар…

„Нефункционалните институции ми го убија детето. Мојот…

По изјавата на Агелер за случајот со…

Додека МВР притвора другите ги ослободуваат –…

Правдата за злосторството врз Вања е блиску,…

Грозоморното и свирепо убиство на 14 годишната…

Агелер: Ќе следуваат повеќе санкционирани, но факт…

Денешното именување на поранешниот вицепремиер за економски…