(Видео) Иџе го долови моментот: Фала ти Господе…

t

Македонскиот автомобилист, Игор Стефановски Иџе се врати со нов пехар од трката во Швајцарија, возена на патеката крај Сент Урсан, каде што го освои второто место.

Трикратниот европски шампион во првата година од кампањата со новото возило Ferrari 488 Challenge Evo и моментално се наоѓа на седмото место во генералниот пласман.

Како што тој самиот претходно најави, за оваа сезона нема големи очекувања, бидејќи во недостаток на можности за тестирање, автомобилот ќе го учи за време на гран при викендите.

Една таква „лекција“ била снимена за време на викендот во Швајцарија, а Иџе ја сподели како видео со своите следбеници на „Facebook“.

– Фала ти Господе што ме чуваш! – напиша македонскиот ас во коментарот.

До крајот на сезоната има две трки на познатите патеки Илирска Бистрица во Словенија и Бузет во Хрватска, а ФИА дополнително додаде нов настан за финишот на годината во Грција, насловен како „Ахладокамос“ на 3 ноември.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Негативен природен прираст во третото тримесечје –…

Во третото тримесечје од 2026 година во…

Сиљановска-Давкова: Чупиќ му даде предност на Охрид…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова очекува дополнително подобрување на…

Ѝ ЈА ОДЗЕЛЕ ЧАНТАТА СО ПАРИ И…

На 26 ноември 2026 година во 10:15…

Регулаторна потврди – од први декември парното…

Регулаторна потврди, парното од први декември поскапува…

Јанев: Полицијата е подготвена за безбедно и…

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар…