(Видео) Каде е опозицијата да реагира за смртта на малата Јана? Кога народот конечно ќе се солидаризира со болката на другите?

t

Во денешната епизода на “Тешки муабети” со Кристиан Јандриоски се разговараше за смртта на малата Јана и проблемот на нашиот народ кој не се солидаризира со болката на другите.

– Каде е опозицијата да реагира и да ја прозва власта за одговорност на малата Јана?

Ќе речеме дека не сме шарени па да злоупотребуваме смрт на мало дете како што беше злоупотребена смртта на Тамара, не е тоа злоупотреба. Не треба да ја запалиш улицата и да тепаш полицајци, треба да бараш одговорност.

Ни умреа толку луѓе никој не одговара, еве Беса транс, Ласкарци, модуларната болница во Тетово, никој за ништо не понесува одговорност.

Влада донесена со поддршка на Сорос не се бутка на избори, ние треба не 100.000, пола милион да излезе на улица. Мислите дека ќе се турне на избори, во 11 ќе падне системот, ќе излезе утрото опозицијата и ќе промрмори два-три збора, вели Јандриоски.

Уредникот на Инфомакс, Александар Митовски, вели дека никој не може да поправи ништо како што може народот, но народот нема свест.

– Народот во оваа ситуација е виновен, и јас сум дел од тој народ, ние како народ не можеме да се кохезираме во една идеја која значи промена на подобро, промена на овој систем, на сите политички партии, судии, полицајци, додека не се промени тоа ние не можеме да идеме напред. Треба ли да ме викне мене некој да излезам пред болницата у Битола со маса на народ и “да ја дигнам во воздух” условно кажано. Утре не дај Боже ќе биде моето, твоето, неговото дете… Ние ја имаме загубено солидарноста, луѓето гледаат, им е жал ама не се солидаризираат ос тој татко, со таа мајка. Губењето на таа солидарност доведува до ова дереџе во кое се наоѓа општеството денес, приоритетите ни се погрешни, имаме приоритети 300 евра плата, ќути си.

Во крајна инстанца ти си ја продал државата за 300 евра, 200, 1.000, 5.000, ако не си излегол на улица тие пари ти се поважни од државата, од иднината на своето дете, вели Митовски.

Мнозинството што треба да излезе на улица сака тоа да им биде возвратено, најчесто од партија, бараат материјална корист, има многу малку свесни и патриоти, заклучија соговорниците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ХОРОР: Марија, мајката на убиеното дете Александар…

„Нефункционалните институции ми го убија детето. Мојот…

Митовски: Никогаш, никому американците не влепиле ваков…

Не дека многу ги почитувам или поздравувам…

(Видео) Митовски го „избрка“ Таче од сопствената…

Првите потврдени сознанија дека Русија подготвува инвазија…

(Видео) Аналогијата е случајна: Во помијата за…

Вистинска драма попладнево се случи на заедничката…

Митовски: Шекеринска не верува во актуелното раководство…

Радмила Шекеринска е единствената која излезе неизвалкана…