(Видео) Кадиров: Ги поканувам сите муслимани во војна

t

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров ги повика сите муслимани и христијани да се здружат во, како што рече, „светата војна“ против Украина, а на крајот ја изрази својата желба за своја и за смрт на неговите деца.

„Ги поканувам сите муслимани, сите бели луѓе во Чеченија, ајде да одиме заедно да направиме баталјони. Ќе ве снабдувам, ќе ве облечам, ќе ве вооружам… Мора да се борите, да ги браните интересите на нашиот сакан пророк, Куранот, државата, нејзиниот суверенитет“, вели Кадиров во видеото во кое се снима како лежи на кауч.

„Кој си ти ако денес не застанеш против тие шакали, против сатанисти, против фашизмот? прашува чеченскиот лидер и додава дека секој татко и мајка треба да ги праќаат своите синови во војна за да ги бранат интересите на муслиманите и христијаните.

„Разбудете се, бидете муслимани, мажи. Ова е света војна. Сонувам да умрам во неа, моите деца да загинат во оваа војна. Алаху Акбар, моќта на победата е со нас“, рече тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Платформата „12:05“ му возврати на Филипче: Ти…

Венко Филипче со малата група се фракција…

Земјотрес почувствуван во делови од Македонија

Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија…

Зеленски: Путин постојано наоѓа изговори за да…

Русија бара каков било изговор за да…

Сиљановска-Давкова на Европскиот самит во Салцбург –…

Во агендата на Сиљановска-Давкова се предвидени средби…

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

На 26.09.2026 во 16:00 часот во Полициската…