(Видео) Каков циркус! Ставрев досуди смешен пенал за Воска и им подари три бода
Повеќе од смешно досуден пенал во Охрид, по кој Воска Спорт дојде до предност од 2-1 против Македонија ЃП во пресметката од 10. коло во Првата македонска фудбалска лига.
Во 71. минута од средбата сериозна глума на домашниот офанзивец, кој изненадувачки место да добие жолт картон за лошо актерство од главниот судија Александар Ставрев доби удар од белата точка. Не вродија со плод протестите на фудбалерите на Македонија ЃП кои очигледно се оштетени.
Ставрев досуди апсолутно непостоечки пенал, по кој во 74. минута Марушиќ погоди од белата точка за водство од 2-1, на крајот и конечен резултат и поклонети три бода.
Извор: ekipa.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Четворица медицински техничари осомничени за убиство на…
Суд во Загреб одреди едномесечен притвор за…
Инфлацијата во октомври 3,3 проценти на годишно…
Најновите податоци на Државниот завод за статистика…
22-годишник од Дебарско пријавен за вонбрачен живот…
ОВР Дебар поднесе кривична пријава против С.Ц.(22)…
Експлозија во стан во Аеродром!
На 09.11.2026 во 04:50 часот во СВР…
Арсовски нов директор на МКЦ, Шаќири станува…
Поранешниот портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски е…