(Видео) Ковачевски ги испофали замениците министри – убеден е дека ќе досенсат промени

t

Избрани се замениците-министри во Владата на Република Македонија, предложени од премиерот Димитар Ковачевски, вечерва, од страна на пратениците во Собранието на Република Македонија, по повеќечасовната дебата.

„Во центарот на парламентарната демократија, граѓаните и медиумите можат да видат дебата, различни ставови и позиции. Разлика меѓу конкретното и декларативното, меѓу резултатите и празните ветувања, меѓу работата за сегашноста и иднината – и лажниот патриотизам“, оцени премиерот Ковачевски, непосредно пред гласањето.

Обраќајќи се до идните заменици-министри, тој побара уште од утре да почнат да ги спроведуваат нивните постоечки и нови задачи.

За заменици-министри, со мнозинство гласови во Парламентот се избрани:

Башким Хасани, за заменик на министерката која раководи со Министерството за одбрана,

Назим Буши за заменик на министерот кој раководи со Министерството за внатрешни работи,

Агим Нухиу за заменик на министерот кој раководи со Министерството за правда,

Џабир Доко за заменик на министерот кој раководи со Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците,

Фатмире Исаки за заменичка на министерот кој раководи со Министерството за надворешни работи,

Филип Николоски за заменик на министерот кој раководи со Министерството за финансии,

Зоран Маневски за заменик на министерот кој раководи со Министерството за економија,

Абдулшуќур Абедини за заменик на министерот кој раководи со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство,

Владимир Рендевски за заменик на министерот кој раководи со Министерството за здравство,

Лулзим Алиу за заменик на министерот кој раководи со Министерството за образование и наука,

Зоран Димитровски за заменик на министерот кој раководи со Министерството за локална самоуправа,

Даим Лучи за заменик на министерката која раководи со Министерството за култура,

Александар Бајдевски за заменик на министерот кој раководи со Министерството за информатичко општество и администрација,

Беким Реџепи за заменик на министерот кој раководи со Министерството за транспорт и врски
и
Христина Оџаклиевска за заменичка на министерот кој раководи со Министерството за животна средина и просторно планирање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ковачевски: Техничката влада е дефинирана со закон,…

 Техничката влада е дефинирана согласно закон и…

СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…

Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…

Ковачевски: Техничката Влада е законска обврска за…

Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски…

Ковачевски во Виена: Економската соработка и интеграција…

Економската соработка и интеграцијата на земјите е…

Срдечна средба на Ковачевски со Александар Сорос

Премиерот Димитар Ковачевски на маргините на Парискиот…