(Видео) Ковачевски за Инфомакс: Падот на УКИМ на меѓународните листи за рангирање на универзитети не бил тема на седица на Влада!

t

Бидејќи Министерството за образование не најде време да ни одговори на поставените прашања во врска со падот на УКИМ од 41 место на листата за академски перформанси, денеска го прашавме премиерот Ковачевски како го коментира ова и дали на седница на Влада се разговарало за ова прашање.

– Образованието е едно од клучните фактори за да напредува една држава. Јас со ректорот по повод патрониот празник на УКИМ. Универзитетите се независни, ама Владата помага каде што може. Класифицирања има по разни основи. Сметам дека Владата тука може да помогне и треба да помогне, не само на овој туку на сите универзитети, рече Ковачевски.

Тој рече дека досега на седница на Влада не било разговарано за ова прашање.

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје е единствениот македонски универзитет кој се најде на овогодишната ранг-листа на Рангирање на универзитети според академски перформанси. Ранг-листата ја составува Техничкиот универзитет на Блискиот Исток во Анкара, Турција.

УКИМ се најде на 1.709. место на ранг-листата од вкупно 3.000 универзитети. Тоа е пад од 41 место во споредба со минатата година, кога универзитетот се наоѓал на 1.668. место на ранг-листата.

Од универзитетите од регионот, Универзитетот во Белград се наоѓа на 290. место, Универзитетот во Загреб на 397. место, а Универзитетот во Љубљана на 400. место.

На прво место се најде универзитетот „Харвард“ во САД. Следуваат Универзитетот во Торонто, Канада, Универзитетски колеџ „Лондон“, Англија, Универзитет во Париз, Франција и Универзитетот во Оксфорд, Англија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Професори од УКИМ ја пријавија во ДКСК…

Професори од УКИМ ја пријавија во ДКСК…

Ковачевски: Техничката влада е дефинирана со закон,…

 Техничката влада е дефинирана согласно закон и…

СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…

Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…

Ковачевски: Техничката Влада е законска обврска за…

Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски…

Македонско друштво „Илинден“-Тирана: УКИМ да не ги…

Од формирањето на нашето Друштво во 2009…