(Видео) Ковачевски: Му објаснив на Мицкоски какви мерки презема Владата за справување со кризата – Побаравме да се одблокираат закони во Собранието

t

Денес имавме средба со пртседателот и тимот на ВМРО-ДПМНЕ и до таа средба дојде откако ние испративме покана до партијата да присуствуваат на утрешиот состанок на утрешниот економски совет а тие одбија, вели премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција во Владата по состанокот со Христијан Мицкоски.

– Таму ние ги образложивме сите активности кои се преземаат, јас и јавно ги имам кажано сите зафати кои се предвидуваат и преземаат во ЕСМ, за тоа информираше и ЕСМ во однос на ремонтот на еден од блоковите и транспортот и изгорената трафостаница од минатата година за да се оспособат трите блока на РЕК Бтитола.

Информиравме и за ТЕЦ Осломеј и ТЕЦ Неготино и обезбедувањто на енергенси, а пред се мислам на јагленот за Битола и Осломеј и мазут за Неготино и помошно гориво за Битола и Олсомеј.

Разговаравме за значењето и потребата што побрзо да бидат одобрени во комисијата за финансирање и буџет и во Собранието законите кои се понесени за задолжување во ЕБОР, законот за енергетика, законот за нафта и нафтени резерви и спроведување на одлуката за спроведување и кратење на финансиски средства од буџетот кои ги сметаме за не толку неопходни и нивна прераспределба за справување сп кризата.

Разговаравме за решенијата за основните и средните училишта и здравствените установи за снабдување кај ЕСМ Продажба, да не плаќаат цена за краен снабдувач.

Опозицијата побара јавните претпријатија да се вклучат на регулиран пазар, и се задолжи министерството за економија заедно со ЗЕЛС да собре податоци за можно вклучување на регулираниот пазар.

Исто така сакам да ве информирам дека влдата донесе одлука со која ЕСМ е задолжена да произведува топлинска енергија бидејќи ЕСМ и Адора постигнаа согласност и е потпишан договор за закуп согласно методологијата на РКЕ и според условите кои важеле досега.

Она што сакам да ве информирам во делот на она што опозицијата го елаборираше јавно за одредени индикативни понуди кои подоцна станаа контакти, а потоа сега се позиции јас јавно кажав дека сите понуди мора да бидат доставени до ЕСМ, но со оглед на тоа дека се работи за контакти кои сакаат да имаат директен контакт кажав дека министерот за економија ќе ги оствари контактите и ќе види дали ги задоволуваат критериумите.

Од формирањето на оваа влада јас презедов низа мерки за да се одржи ликвидноста на компаниите и стандардот на граѓанинте, за ова се одбоени нас 300 милиони евра од Буџетот и ги враќаме кон граѓаните кога се потребни најмногу.

Продолжува субвенционирањето на струјата за домаќинствата и малите потрошувачи.

Продолжуваат разговорите на владата со соседнните земји кои имаат виѓоци на електрична енергија кои заради законски ограничувања во моментов не можат да склучат договори со нас, исто и претседателот Пендаровски беше во Бугарија но беше испратена јасна порака до претседателката на ЕК дека земјите од Западен Балкан и Македонија очекуваме и помош од ЕУ.

Деновиве се водат разговори на ниво на министри за енергетика,доколку има некакви чекори министерот за економија ќе биде инфомриран и ќе бидат споделени со јавноста.

Јас ќе присуствувам на самит во Прага каде исто така ќе се разговара за проблемите со електричната енертија, Европа се наоѓа во тешка состојба особено после протекувањата на гасововите на север.

Се работи забрзано на преземање на топланите, обезбедување на енергенси и обезбедување на парно, информираше премиерот Ковачевски.

Прес-конференцијата може да ја погледнете на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ковачевски во Виена: Економската соработка и интеграција…

Економската соработка и интеграцијата на земјите е…

Срдечна средба на Ковачевски со Александар Сорос

Премиерот Димитар Ковачевски на маргините на Парискиот…

Нов резил од премиерот: Бектеши зборува за…

Премиерот Димитар Ковачевски денеска беше прекорен од…

Ковачевски: Бевме воздржани за резолуцијата за Газа…

Одлуката за гласање на Резолуцијата на ОН…

Ковачевски: Изборите ги распишува претседателот на Собранието…

Премиерот Димитар Ковачевски попладнево од собраниската говорница…