(Видео) Ковачевски-Пленковиќ: Евроинтеграцијата на Македонија е најдобар механизам за напредок

t

Претседателот на Владата на Македонија, Димитар Ковачевски, денеска во Блед, Словенија каде учествува на Бледскиот стратешки форум, се сретна со претседателот на Владата на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ.

На средбата на која присуствуваше и вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, се разговараше за актуелните случувања во врска со процесот на евроинтеграции на Македонија. Двајцата премиери оценија дека европската интеграција е најдобар механизам за напредок на нашата земја, што меѓу другото ќе овозможи стабилна економија, повисок животен стандард за граѓаните и ќе донесе повеќе инвестиции.

Соговорниците разменија мислења околу процесот на проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан, со што освен економски придобивки, ќе се обезбеди стабилност и безбедност на Балканот.

Македонија, од Хрватска континуирано добива институционална поддршка во споделување на искуства во процесот на подготовка на пристапните преговори со ЕУ. Ковачевски и Пленковиќ, на средбата потврдија дека таквата поддршка ќе продолжи и во иднина.

Двете Влади ќе продолжат да се залагаат за продлабочување на билатералните односи како и зајакнување на економската соработка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарската опозиција бара оставка од Владата по…

Бугарската опозициска партија ГЕРБ вчера побара оставка…

Американски војник уапсен во Британија под сомнение…

Високопозициониран американски војник е уапсен во Британија…

ЧУДО: Бебе пронајдено живо откако 24 часа…

Бебе на возраст од 11 месеци е…

Приведен романскиот возач на камионот по трагедијата…

Романскиот државјанин кој управувал со камионот што…

Во Собранието надзорна расправа за „АЛТА банка“

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска…