(Видео) Ковачевски со честитка за 1 Мај: Ги зголемивме просечната и минималната плата и тие сигурно ќе растат
Премиерот Димитар Ковачевски на Фејсбук сподели видео-честитка по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот.
-Нека ни е честит Денот на трудот, 1 Мај.
Изразувам огромна почит кон сите кои со својот труд обезбедуваат стимул и развој на нашата држава. Дури и во услови на најголемата економска и енергетска криза.
Системските решенија до кои дојдовме, денес значат минимална плата од над 20.000 денари, просечна плата над 500 евра, но и зголемени плати во образованието, здравството и безбедносните сектори. Поставивме здрава основа и затоа минималната и просечната плата, континуирано ќе растат.
Го почитуваме и цениме трудот на секој работник и поради тоа, денес ние веќе не сме дестинација со евтина работна сила. Денес, инвеститорите ја препознаваат стабилноста и можноста за раст и развој на државата која е земја членка на НАТО, земја со отпочнати преговори со Европската Унија и инвестираат и отвораат нови, добро платени работни места.
Заедно, рамо до рамо, ќе ги решаваме сите предизвици, а во мене и во Владата вие секогаш ќе имате сојузник. – вели Ковачевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трендафилов: 260.000 од 530.000 работници се со…
260.000 од 530.000 работници се со плата…
(Видео) Работниците бараат 600 евра минимална плата,…
Сојузот на синдикати на Македонија денеска го…
(Видео) Треба да се задолжам за да…
Бујар Османи, министерот за надворешни работи и…
Ковачевски: Техничката влада е дефинирана со закон,…
Техничката влада е дефинирана согласно закон и…
СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…
Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…