Видео кое го обиколи светот: Новито мега-затвор во Ел Салвадор ги прими првите 2.000 затвореници – членови на банди, убијци, дилери, крадци
Во голема операција на салвадорските затворски власти, преместени се две илјади затвореници. Убијци, дилери, крадци, со избричени глави и боси нозе тргнаа со автобуси до нивниот нов дом. Целата рута по која патувале била постојано следена од воздух со полициски хеликоптер.
Последна станица – Теколука. Огромен новоизграден затворски комплекс од највисоко ниво на безбедност, наменет за 40 илјади затвореници.
Претседателот Најиб Букела го посети објектот минатиот месец.
Порано, затворените членови на бандите имаа проститутки, телевизори, конзоли за игри, дрога, мобилни телефони, компјутери, а чуварите и војниците спиеја на подот“, изјави тој.
Затворот е составен од осум армирано-бетонски згради. Секоја има 32 ќелии од по околу сто квадратни метри. Во секоја има по 80 метални кревети за околу стотина затвореници. Ќе ги напуштат ќелиите само во случај на судски рочишта и тоа преку видео конференција или ако бидат казнети со самица. Секое движење ќе го следат десетици камери, 600 вооружени војници и 250 полицајци. Околу комплексот е изграден ѕид од два километри и висок 11 метри со седум караули.
Овде ќе гарантираме дека сите оние луѓе кои со децении предизвикуваат зло и убиваат семејства од Салвадор ќе бидат на место од кое нема да можат да заминат“, изјави министерот за јавни работи, Ромео Родригез.
Затворот е изграден за само седум месеци, откако бројот на затвореници во земјата драстично се зголеми. Тоа беше последица на големата војна против бандите, која претседателот Букела ја водеше на крајот на март. Воведена е вонредна состојба, а уапсени се повеќе од 64 илјади осомничени.
Здруженијата за човекови права предупредуваат дека меѓу уапсените има и невини граѓани, но жителите на Салвадор не се противат на акцијата. Во земја каде што речиси два отсто од населението е во затвор, војната на претседателот против криминалот ја поддржуваат дури 92 отсто од населението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пресуда за двојното убиство на Вања и…
Основниот кривичен суд Скопје на 25 јуни…
Истрага против две лица за тешката сообраќајна…
Основното јавно обвинителство Охрид донесе Наредба за…
Сиљаноски: Гости на роденденот на ВМРО-ДПМНЕ беа…
Пејачот Спасен Сиљаноски повторно го критикува ВМРО-ДПМНЕ…
Жена од Македонија се удавила во Грција
Државјанин на Србија и државјанка на Македонија…
Мнозинството Американци се против војна со Иран
Мнозинството Американци изразуваат незадоволство од начинот на…